се (зам.) - забрза (гл.)

Со својот труд, ропското население овозможува да се забрза темпото на постојаното војување.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Впрочем, не беше време за мудрување, за одење угоре-удолу, за премислување, треба да се донесе одлука и работите околу копањето да се забрзаат.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Зар е можно толку да се забрзала историјата на Балканот!
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
И сега, кога се потсети на него, чекорот несвесно му се забрза и срамот повторно го здоболе.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
- Стој бре ќерата, каде си се забрзал! - викна едниот од аскерот наоружани до заби, небаре Петар брзаше, како може да се брза со толкав товар? - Добро, добро еве застанав...
„Ветришта“ од Радојка Трајанова (2008)
Имено, за волја на вистината, судот пресуди во негова полза – и покрај тоа што извршувањето на пресудата никогаш не се случи во реалноста, а секако дека треба да се земе предвид и фактот што, во тоа време, сѐ уште не постоеја извршители, како би се забрзала извршната постапка.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)