ме (зам.) - извлече (гл.)

А ако се погоди зимно врме никој нема да дојде па волци ќе ме извлечат од колибата.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Веќе сум замалена, предадена, кога ме извлекоа од под коњот.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Затоа и ме извлекоа од мантија.“
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Јас, која треба да ги лекувам пациентите- не ја чувствувам сопствената душа -сè заборавив- што сум јас- извршителка на должности- должна сум наутро да ги облечам и да ги нахранам децата-должна сум во седум часот да се јавам на работа-должна сум да давам дијагнози-должна сум да лечам-должна сум да водам љубов со маж ми-моите деца моите пациенти мојот маж-зошто ги нарекувам мои-неподвижна седам пред телевизорот-се дава некој глупав историски спектакл-мажот и децата ѕурат во екранот-мракот ме одвојува од нив-мракот ме носи во големата сала-исчекувам ли нешто-редици од свеќи-свеќи танчери-запалени свеќи-прегорени свеќи-студено ми е-толку ми е студено-кој ќе ме стопли-кој ќе ме извлече од овој подрум-само да се помрднам-да побегнам-да исчезнам-јас тука се убивам-боли ме боли-телото ми е претешко-ми треба воздух-да се одлепам-само здив-не можам-не постојам-пропаѓам-помош-помош-помош_
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
Еден вика, да се скрши шофершајбната, па да ме извлечат од напред.
„Буре барут“ од Дејан Дуковски (1994)
Но вие бевте тука да ме извлечете.
„МАРГИНА бр. 26-28“ (1996)
XXIII На патот кон морето Х.Х. неколку пати безуспешно се обидуваше да ме извлече од молкот кој напати ми беше најдобриот сојузник во мачното патување.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Ме оставија да се одморам а тие тројца се договараа како да ме извлечат.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
Имам чувство дека расказите на Марта ме извлекоа од тој моќен вител барем за миг.
„Вител во Витлеем“ од Марта Маркоска (2010)
Затоа се појави еден човек да ме извлече од стравот дека и јас можам да стигнам некаде подалеку од Македонија.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)
FlexiMac
 менување на македонски глаголи
ДИГИТАЛНИ РЕСУРСИ НА МАКЕДОНСКИОТ ЈАЗИК