ме (зам.) - бие (гл.)

Подобро ми е да ме бијат, отколку нејзе да ѝ бацувам рака.
„Прва љубов“ од Јован Стрезовски (1992)
И потем, често и ме биеше, но јас за тоа не смеев никому да кажам, иако често се прашував: од каде таква смелост отец да бие отец?
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
А тој ме викна вечерта во одајата на укорите, и почна да ме бие веднаш, без збор, без прашање; бараше да му ја откријам тајната ука на виѓавање на невидливото, оти сметаше дека тоа е ука што се учи, а јас ја кријам; и пак ме биеше, а јас му велев дека благодет е тоа, дарба божја што Бог на смерните им ја дава и на горделивите им ја одзема, дека дарбата не се учи како писмото и краснописанието што се учат, дека и сочинувањето сказанија не се учи и дека тоа или го имаш или го немаш, како што човек или се раѓа или не се раѓа, а никогаш не се случува да се роди половина: само со тело или само со душа.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
И се молев така за душата на Писмородецот, а тој ме биеше додека не го уби Бога во мене, и потем рече: „Рацете ќе ти ги исечам ако уште еднаш те видам да сочинуваш од многу нешта едно, цело“.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Јас му велев дека не знам по патишта какви и незнајни штичката сама се беше вратила во скрипториумот; но тој не сакаше да чуе, па и натаму ме биеше.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
И сите бевме задоволни: Лествичникот пак Писмородец стана, престана да ме бие, логотетот се умири, и сите слова само едно значење добија, само една душа во секое сочинение се настани. И сите исто гледавме, и јас еднакво.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)