им (зам.) - бие (гл.)

Им бијат врело дамарите, играат над шеварите сѐ дури не потемне запад. Наеднаш - немош и загинување .. .
„Слеј се со тишината“ од Ацо Шопов (1955)
Чувствуваа како им бијат срцата, како да сакаат да им искокнат.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
На Кулета и Андона оваа им беше прва работа од ваков вид и затоа на двајцата почнаа да им бијат силно срцата, а вилиците да им се тресат та забите почнаа да им штракаат, небарем замрзнаа од студ во топлата пролетна вечер Толе ги теши со шепот.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Топлината од жарта и пламенот им бие в лица спурени од ветрот и студот.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)