го (зам.) - цица (гл.)

Ќе и легне под мевот и ќе и го цица млекото.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Карнаварата испушташе црвени цветчиња со кои ги намамуваше инсектите: кога ќе ѝ слетаа на листенцата, го затвораше цветот и ги впиваше во себе, ги смукаше; сувоземната утрикуларија лисјата ги свиткуваше во вид на труба, на уста, и штом ќе влезеше некој инсект внатре - таа го затвораше како во стапица и го цицаше со своите ситни влакненца; водената утрикуларија испушташе тенок леплив меур на кој инсектите како на смола се лепеа останувајќи заробени.
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)
На пример, дали некогаш некој слушнал за добро момче и нормален маж дека некогаш посакале да го цицаат пенисот на својот татко?
„МАРГИНА 22“ (1995)
Ѕидот секој ден растеше. Од силната жега што го цицала, нормално, ослабе, но не попушташе.
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
Вчера ја закопавме мајка ми и ги откопавме заедничките спомени: вареното млеко без кајмак и со многу шеќер, врелиот сутлијаш посолен со цимет, букетите црвени булки на првомајските излети, облогите на детското чело и гради кои го цицаа огнот, па предупредувањата дека во секоја вода има аждер пред да тргнеме на риба на реката или на капење во градскиот базен, нежните галежи кога од некого ќе добиевме завратница за спомен и долго сеќавање...
„Кревалка“ од Ристо Лазаров (2011)
Тие до коска го цицаат општеството во кое односот на вработен спрема пензионер е 1 према 10.
„Двоглед“ од Горан Јанкуловски (2011)
Сакате да го цицате селото. Тоа да ви биде крава музара, но да не се вратите во него.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)