го (зам.) - извлече (гл.)

А ти знаеш ли за аман? (Му ги зема пиштолот и ножот од појасот, го обезоружува, а потоа му удира неколку клоци и за нозе го извлекува надвор од каде се слуша офкање.
„Антица“ од Ристо Крле (1940)
Зошто гладната челуст на мракот не беше разбиена да се отвори и да го пушти низ избиените заби денот, да влезе просто како добарден, да оттргне се од неподвижност, да го извлече од земја шумот на водата, да ги разбуди сите мртви птици, да ги врати во лежиште истргнатите пролетни цвеќиња, зашто забележа - сенката волче наведната над него со шепот ги распрснуваше последните маглени воздишки на сонот.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Кога погледна на таа страна го виде поднаредникот како лежи врз раката со која се обиде да го извлече своето оружје.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
А Ване пак го извлекува стрипот од под перницата и пак чита.
„Било едно дете“ од Глигор Поповски (1959)
Воздивна ширум отварајќи ја устата и го извлече тешкиот часовник од џебот на излижаниот елек.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Само малку пред тоа... „Оставете не сами“, му рече добродушното старче на Ивана и го извлече прстот од намотаниот свилен прстен на брадичето а тој, до грло во бело, ги извади рацете од џебовите на својот тесен мантил и излезе со наведната глава и нечујни чекори.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
И полека, како рибар својата мрежа, и него го извлекува од разбранетата веселба.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
ЛУКОВ: (Го зема и го чита.) МЕТОДИ: Му го извлеков од пазува.
„Црнила“ од Коле Чашуле (1960)
Горам од нетрпение да видам што е тоа што те тера така брзо и така лесно да го извлечеш пиштолот.
„Црнила“ од Коле Чашуле (1960)
Таа знае дека учителот сака Арсо да го извлече од оваа запустеност овдешна, се радува, но повеќе ѝ е жал и мака.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Тој стана, го извлече пешкирот под перницата, го натопи со вода и му го стави на челото. - Треба да подремнеш. Моите брборења те растроија.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Арсо го отпетла синџирчето од елекот за да му помогне на чуварот бргу да му го извлече часовникот.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
„Јас ќе ја отворам!“ - рече убавата Лила, ја зеде чантата ја отвори, го извлече Првото читање и го фрли во разбеснетата толпа.
„Градинче“ од Бистрица Миркуловска (1962)
Тоа го извлече од тоа бесно цапање и го врати назад на прозорецот.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
- Пст! - го прекинува кметот и го чита книжето што му го извлече од џебот.
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
Најпосле и забот и царот го извлекле од кожинката!
„Најголемиот континент“ од Славко Јаневски (1969)
Со напор го извлече од лежиштето и го отвори.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Со брз потег, Бојан го извлече ременот од панталоните и го префрли преку вратот на немоќното животно.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Но набргу ете ти несреќа: ненадејно се сруши еден ѕид од куќата и го потфати Ѓеро; го извлековме здробен од камењата: го исплакавме и побаравме оштета од фирмата; фирмата не сакаше да чуе.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Во тие обиди еднаш Висар успеа да слезе на дното од езерото и да ја најде бесмртната вода; го извлече шишето до чамецот, се напи од неа и почна да вика колку што грло го држи: Бесмртен сум...
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Зајачето Шарко цврсто се фати со шепите за стапот и двете Зајачиња некако го извлекоа од дупката.
„Раскази за деца“ од Драгица Најческа (1979)
- Ше пееш, ше пееш, - му прсна на Методија Гришкоски, го извлече од ќелијата и на најмизерен начин почна да го гази ранетиот партизан.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Истави се од прозорецот и угасни ја свеќата, му вели на Јосифа а сам го извлекува пиштолот од масата, оди, застанува зад вратата што води од одајата на чардак, чека...
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Убавото време и Мил го извлече од лабораторијата.
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)
Дури во последниот миг, пред да влезе, се сети да го извлече змиулчето од џебот; тоа молскавично се измолкна низ тротоарот и се вовлече во ѕидот на куќата.
„Пловидба кон југ“ од Александар Прокопиев (1987)
Од под перницата на која спиеше со косите на Јага преку лице го извлече знакот на својата младост во војната, револверто чиј број не беше заведен нигде.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Кутрата Анка, сега има намера да оди дури до Атина каде што Љубе-Шеќер лежи в затвор за да проба да го извлече некако.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
И така, со неколку реченици, Чучук-Андреј го извлекол од заборав најтрагичниот дел од животот на прочуениот пејач од кого и славеите се учеле.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
- Навистина беговите сакале да му помогнат, да го извлечат од батак, се сеќавал Чучук-Андреј.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Не бил уверен; сепак претпоставил дека од маглата на страшните соништа во кои не можел да замавне кон некого што го бодел со јатаган, го извлекол шум.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Липа, и земјата да се расплаче. Нејсе, се наведнав и сосила го извлеков.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Лелекот на селата го извлекол тогаш ајдутот Парамон од тајна пештера во која се криел а пред тоа со нож ја убил мечката што му се испречила на пат.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Еби го со колот в грклан, И за побратимот Пеце, Убиваше, сега умира и моча под себе, Убавина, ова е убавина, Му го фатив јазикот, помогнете ми да му го извлечам од уста, - но дел од оние што не можеле да се допрат до глекавиот куп месо и крвиште јуреле кон белецот и го заплиснале со секири и го боделе со колови, и тој белец, со богата грива но веќе со неколку црвени риги преку кожата, 'рзнувал и се пропнувал пред безмилоста сѐ додека не ги оставил уздите на жилавата гранка, да ѝ се извлече крвав на одмаздата и да ги остави луѓето со запенети муцки, и тие со една и само своја реченица: Имавме секири, ножеви, колови, сега имаме пушка и јатаган и уште двајца мртовци, Коњот не требеше, животинка е, И коњите не им се поарни, носам јас на грбов стари удари на копита, А мене денес копито ме поткачи по коленово, Можело и погоре, имаш пет деца, Молкни, секирава моја уште е жедна.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Кога и денес го повторувам воведот во Словото, во мојата свест јасен како алхемијата на шестте имиња – gains Valerius Cattulus, Quintius Horatius Flaccus, Publius Vergilius Maro, Albius Tibulus, Sextus Propertius, Publius Ovidius Naso – што затекнувајќи ме на последната страна од читанката по латинси, во мене ја зачна непресушната жед кон хармонијата, го гледам Таткото како од градината со премолчени имиња го извлекува змивчето, му дозволува бесно да го касне, а потоа мирно да се склупчи на неговата дланка.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
Дури сплотена во делфиновото тело, стана способен способна да го извлече од родоскрвението.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
Од урнатините, што некогаш беа заедничка куќа, српската страна го извлече сивото одело на комунизмот и го натегна врз својот претседател.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Таа сака да го извлече него од под неговата кожа.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Навалија во мансардата. Таа ја тресна вратата, ја заклучи, потоа го извлече клучот и го фрли во нередот, во едниот од аглите.
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
Госпоѓа Морис го отвори и со два алуминиумски држачи го извлече садот, а потоа ја излеа неговата содржина во лонец.
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
” Но јас немав никаква претстава зошто тој е внатре, како тогаш можев да го извлечам надвор?
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
Сите очекуваа дека јас ќе се обидам да го извлечам Били надвор.
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
Не е случајно што фил­мот е снимен според мотивите на два раскази на Somerseth Maugham за „Ashenden” (алтер-его на писателот, зашто самиот Мом во текот на Првата светска војна работел како анг­лис­ ки агент и во 1917-та година бил испратен во Русија да ги спречи болшевиците да ја преземат власта!): Мом и Graham Greene беа оние кои меѓу двете војни го извлекоа шпионскиот расказ од црно-белите патриотско-садистички визии и внесоа во него момент на трагичното егзистенцијално искуство: шпионажата е валкана игра затоа што во неа, во име на патриотските „високи цели” не се манипулира толку со туѓите, колку со сопствените агенти, така што честопати одново нè присилува темелно да ја испробаме „човечноста” на другиот од другата страна на политичко-идеолошките разлики, некојпат и во трагичен облик зашто во име на тие разлики принудени сме да го негираме тоа „човечко”.
„Маргина бр. 21“ (1995)
“Кога го извлече копјето мислев дека ќе ја извлече и мојата утроба и кога ме напушти вжарено треперев во Љубов божја.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
„И мене ми е жал, но мене ми е сеедно и јас одовде сакам да го извлечам сето возможно.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
Тетката за бабата, бабата за дедото, дедото за репката, влечат ли влечат, не може да го извлечат.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
Бабата за дедото, дедото за репката, влечат ли влечат, не може да го извлечат.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
Го повлече него дедото за уши; влече ли влече, не може да го извлече Серж човек да стане.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
Со Сплендид е готово, доколку некој не го извлече по смртта на Жене.
„МАРГИНА бр. 26-28“ (1996)
А што со Мојсеј во реката со неизбежната судбина принцеза да го извлече од трските?
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Никогаш не би можела да го извлече од таму.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Токму од оваа опозиција делото го извлекува најголемото политичко значење.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Дики: Јас сум духот на оваа торта! (Ги прска со пиштолот кој го извлекува одзади) Првиот: Што е ова?! (Се брише) 150 okno.mk Вториот (Лижејќи си ги прстите): Ова не е вода!
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Духот се појавува само на роденденот на оној кој го извлекол од дното на реката!
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Од таа состојба почна да го извлекува повеќе пати повтореното објаснување коешто со леден глас го даваше татко му.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Зашто, што е тоа што остана, а што тие не го извлекоа од него со мачење ?
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Со очајнички напор, како да кубе дел од сопствениот мозок, можеше дури и да го извлече тоа нешто на виделина.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Ќе го извлече некако остатокот од песничката од сеќавањето на г. Черингтон.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Кога го извлекла трнот, мечката рикнала и почнала да бега и да рика; бегала, потоа ќе се свртела, клекнувала и рикала: Сѐ додека ме гледаше така правеше, раскажуваше мајка ми.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
Веројатно ги разбрал твоите аргументи и го извлекол вистинскиот можен заклучок.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Ако сакате може и ластик!“ го извлече ластикот од џебот Нина.
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)
Затоа и се зафати да го извлекува ременот од панталоните; Оф, секогаш кога сакаше да ме поддржи го правеше тоа на најнесмасен начин!
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Но не беше лесно да го извлече од Судот, и покрај тоа што беше во одлични односи со претседателот Чапаев.
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
Тогаш Едо просто прескокна до него, го фати за јаката од кошулата и палтото за десното рамено и го извлече од столот.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Послабиот милиционер од длабочината на џебот го извлече клучето од лисиците, му ги ослободи рацете на Брзакот кој потоа се поколеба, за момент ги преврте очите нагоре, се прекрсти и седна на предниот стол, но со претходно големо двоумење и загледување како да не верува дека му е понудена столица.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Дождот навистина упорно ги поливаше шофершајбните, додека конечно успеа да го извлече автомобилот на булеварот „Јане Санданаски“.
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
На Евангелидис му рекол дека “стоката“ е на Организацијата, дека Орце и неговите другари се луѓе на Организацијата и според тоа било потребно динамитот, штом ќе го извлече од царинарницата, да го предаде во Деде-Агач на лице посочено од него, од Гарванов.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Паметам дека се чувствував прилично сакато кога го извлече од панталоните патлакот, подготвен како за парада!
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Катерина го извлече листот од машината, потскокна од столот, и истрча од собата веројатно водена од некој занес што слободно можев да го сместам помеѓу многуте нејзини збунувачки постапки.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
„Израелци! Помагајте!“ врескаа оние два-тројца од Азија кога го извлекоа од храмот пред народот што се собра со стотици.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
А тој, како со бунарско јаже, им го извлекува тој единствен збор, што згора го разбира, а однатре не го прима: дека синот му се обесил.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Раководителот, со вграден рефлектор на челото како рударски инженер, киклопски ја најде соодветната преграда и од картотеката го извлече кофчегот, всушност носилката на Брза помош.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Фоте сепак го извлече на чунот, му ја откачи јадицата од устата и го фрли назад во езерото.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
- Филип (рипнал на сина си и го извлекол мечот, но за своја и среќа на Александар, тој му се лизнал од гнев и пијанство, и паднал): - Имаше среќа, Александре!
„Еп на Александар Македонски“ од Радојка Трајанова (2006)
Го извлеков чунот колку што се можеше повеќе кон сувото и ги наредив работите на Лена, нешто на клунот напред, нешто под мене. Немаше многу пљачка.
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
Лука Карер застана на градскиот плоштад, веќе по третпат ова мирно неделно попладне барајќи го часовникот на сребреното синџирче што, инаку, го вадеше изведувајќи една прилично сложена операција: најнапред закачувајќи ја рачката од големиот црн чадор на левата рака, потем отворајќи го тешкиот зимски капут, па сакото, за конечно да го извлече ќостекот од малото џепче на елекот со излижани рабови.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Имаше две добри причини за да го извлече старецот.
„Мудрецот“ од Радојка Трајанова (2008)
Додека беше при моќ владетелот, покрај несомнено прогресивните реформи кои ги донесе на државата и институциите, со вештите геостратегиски потези, успевајќи во лицитацијата на големите и влијателни сили да го извлече максимумот за својата земја, ја контролираше целосно ситуацијата во земјата која дишеше според неговиот владетелско-апсолутистички режим.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
На еден од креветите во просторијата во која ме одведе брат ми, неподвижно лежеше млад човек, кого претходниот ден го извлекле од Дунав штом се фрлил во реката.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Од распаднатиот куфер го извлеков само она што не беше мое, и го ставив меѓу левата града и градникот.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
- Не ти пречи овој мирис од нафта? - го извлеков од себе последниот остаток од добрата волја додека седнував.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Нејзиниот, барем така ми се причини, љубопитен поглед, што внимателно ја следеше мојата рака додека го извлекува столот од под масата за да седнам, бавно се крена кон моето лице.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Се чинеше дека со запалката го извлече и она свое објаснување: „Бараат оган на старото место иако го имаат во џебот“.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Поради тоа, тој од работата што ја вршеше не го извлече задоволството со кое очекуваше да биде вознаграден и, исто така, пак неочекувано наиде на тој проклет знак што сега веќе речиси исцрпувачки го нервираше.
„Човекот во сина облека“ од Мето Јовановски (2011)
Почнете да размислувате како може да надоместите за тоа што се случило, како можете да го извлечете најдоброто од тоа и да доживеете сатисфакција од сопствените животни избори.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Како со сонда допре до дното на мојава душа, во најтемните длабочини и од таму го извлече невозможното.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Азра сè уште со широко раширени нозе му седеше на устата на Андон кој одамна го имаше изгубено чувството за мирис (лекарите имаа констатирано дека тоа е резултат на операцијата на капиларите во носот направена во неговата рана младост) и тој не можеше да ја насети реата од меѓуножјето на Азра, но обилно оттаму во устата и по образите му течеше тегава слуз, од што во еден момент мораше да го извлече јазикот, да земе здив со намера повторно да се врати на истото место, но се откажа, се сврте на левата страна и ги префрли двете жени на десната страна од креветот, речиси ги залепи за ѕидот.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Во џебот напипав некаков клуч, го извлеков, се запрашав од што е и со чудење забележав дека не е изрежан.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Кога го беше зграпчил за врат, тој со повици ги викнал своите двајца другари, на кои им го препуштил да го држат, а самиот само за миг си ја беше пикнал раката в чизма за оттаму да си го извлече кутичето со тутун, и барем малку да си го освежи својот секогаш измрзнат нос; но тутунот, веројатно, бил од таков вид, каков што не можел да поднесе ни самиот мртовец.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Тој го извлече шамичето за нос од шинелот, во коешто го беше донел; шамичето беше штотуку донесено од перачката, и само неколку мига подоцна го здипли и си го стави в џеб за да може да го употребува.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Ако сме склони на утилитаризмот и хедонизмот, на миг ќе се двоумиме, но сепак ќе се одлучиме за Ана бидејќи таа поради можноста да свири ќе го извлече најголемото задоволство од поседувањето на инструментот.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
Ако не успеат да го извлечат од нездравата ситуација, патат повеќе од најблиските му роднини.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
На присутните, изнесувајќи им елементи од биографијата кои во бившиот систем го дефинираат како субверзивна личност (поради што и бил санкциониран), изнесе став што во моја слободна интерпретација, би гласел: Кога човекот ќе се најде во безизлезна ситуација или кога ќе ги потроши сите средства што можат да го извлечат од лошото, тој изрекува пцости на секого и на секаде.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
- Алек стикот! Александар го регистрира на портот на лап - топот на кој што вчера го гледаа филмот. Го извлече во секунда.
„Браќата на Александар“ од Константин Петровски (2013)
И, додека јас се борев за здив, затоа што заборавив дека имам и нос, тој се гушеше од смеење.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Љубопитно, со трчанка, го извлече.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Несигурноста на Ѓорѓе ја забележа и Јана. Со цел да го извлече од ваквата непријатност, сама продолжи со претставувањето.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Ја жалеше мајка си, која во целата оваа збрка ќе го извлече подебелиот крај, без своја вина.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Соочена со такви мрачни мисли мрзоволно го извлече ранецот од автобусот кој веќе беше пристигнал во дворот на Економското училиште.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Имав желба што побргу да го извлечам оттаму.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)
Да именуваш значи и да овековечиш, значи да го извлечеш именуваното од хаосот, каде што времето меша сѐ!
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Но тој нели излезе жив и здрав од тој пекол, се провлече низ чистилиштето, или подобро речено го извлече оттаму Хрушчов, кој ја сврти страницата на сталинизмот во СССР.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Се навали настрана и тогаш, кучкиниот син, го извлече штикот.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Киро не успеа да го извлече остриот фински нож.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Откако се собраа скоро сите машки од селото, дедо Јано од торбата го извлече грчкото знаме, а Лабро, Ристо, Наќе и Пандо го фатија знамето од краиштата и го раширија на училишниот ѕид.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Ама да го имаш, зашчо ако го немаш, тогаш јаска лично ќе те стреља! - му подвикна и му ја пикна под нос цевката на пиштолот што наеднаш го извлече од зад појас.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
FlexiMac
 менување на македонски глаголи
ДИГИТАЛНИ РЕСУРСИ НА МАКЕДОНСКИОТ ЈАЗИК