го (зам.) - забрза (гл.)

А што му пишува англискиот министер претседател на кентерберискиот архиепископ за политиката на големите сили во нашите работи: “Учеството на сите сили во разрешувањето на македонското прашање само може да го задржи, наместо да го забрза, неговото разрешување.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Тоа му го забрза одењето и тој стигна навреме, според тогашните превозни средства.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Ќе не повлечат и нас да влеваме в оган, бесот да и вате! — се замисли Толе и нареди на еден од четниците да види што стана со ручекот — да го забрза.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Одблесоците на молњите што влетуваа низ прозорците во лабораторијата, правеа рендгенски снимки на предметите и го набиваа воздухот со електрицитет кој делуваше стимулативно и на Мил и на синтезата што требаше да го забрза процесот на создавањето на живата материја.
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)
Марко, кога тоа не го очекуваше не само попот туку ни Геле , го удри со левата рака преку лице за да го забрза неговото прекорување, нека си ги стисне забите и нека послуша.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Ја прашуваа бабата Депа, а таа им велеше: - Не беа сите три за одеднаш да се породат... Некоја требаше сега, а некоја подоцна... Но стравот од оваа неизвесност им го забрза породувањето...
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Смисла има уште само она што го забрзува распаѓањето, нагласувајќи ја пародичната, привидна страна од игрите на умирачките наука и власт.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Негативни искуства: Дури и во мали количества, амфетамините го забрзуваат пулсот и крвниот притисок и можат да предизвикаат екстремна вознемиреност, претерана осетливост, нервоза, импотенција и во некои случаи, делириум, паника, халуцинации и чувство на прогонување (амфетаминска психоза).
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Негативни искуства: Кокаинот го забрзува дишењето, пулсот, го зголемува крвниот притисок и температурата на телото.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Крекот го забрзува дишењето, го зголемува крвниот притисок, пулсот и температурата, отстранувајќи го заморот, потребата за спиење и апетитот.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Негативни искуства: цигарите го забрзуваат пулсот, го зголемуваат крвниот притисок и го намалуваат апетитот.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
За жал, сфаќајќи ја краткотрајноста и безначајноста на своето биолошко постоење, човекот- творец, често нетрпелив во своите настојувања да ги дочека плодовите на своите вдахновенија некаде во иднината, се обидува да го забрза своето уметничко созревање и раѓањето на своето дело, неретко користејќи и вештачки поттикнувачки средства. 142 Margina #8-9 [1994] | okno.mk
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Ален Вотс (Alan Watts) смета дека речиси нема разлики во квалитетот на природното okno.mk | Margina #8-9 [1994] 149 и со дроги предизвиканото доживување, само што дрогите можат да го забрзаат доживу­вањето и дозволуваат можност за манипулација и претерано исцрпување на невронската активност на мозокот.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Изразот национална книжевност денес не значи бог знае што; ѝ се приближуваме на епохата на универзална книжевност и секој треба да се потруди да го забрза доаѓањето на таа епоха“.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Преку дупките на Борбата на Дишан за идеите “против” уметноста една гнила дрвена врата набљудувачот може да види легнат го забрза појавувањето на Дада, го поттикна надреализмот акт со разголена полност.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Увото ги чу и го забрза работењето.
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
Тоа никој не може да го предизвика или да го забрза. Мораме да почекаме децата да пораснат.
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
Пропагандата бараше јасно обединување на сите албански рисјани под заштита на Ватикан и италијанската држава, со цел да го забрза развојот на земјата.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Да претпоставиме дека ќе го забрзаме темпото на човековиот живот, така што луѓето ќе стануваат сенилни на триесетгодишна возраст.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Се вестеше светлината на првите ѕвезди. Го забрза чекорот.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Сталин не беше свесен, размислуваше Татко, дека со тоа успеваше само да го забрза ритамот на жртвувањето на невините поданици на својата империја.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Чекореше Јагулче Дримски, кога му идеа овие мисли, крај реката, гледајќи во водите јагули, предавници, што бегаа кон запад, по тактот на еден од маршевите на победата, потсвирнувајќи, за да си го забрза чекорот, повторувајќи го постојано стихот Уз маршала Тита у нов бој...
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Не знаеше кој пат да го фати, какви зборови да искаже за да ги пренесе своите добри намери, својата во мисија да ги спаси книгите од уништување, а не да го забрза нивното преземање...
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
Шатев, кој во Солун ја одржувал кореспонденцијата на Кружокот со Велес, Цариград и Бугарија, тврди дека тој еднаш или двапати добил од Цариград по 20 наполеони за потребите на гемиџиите и дека било решено самиот да оди во Цариград како помош на тамошниот кружок, но и за да го забрза праќањето на пари во Солун.60
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Врховистичката оружена акција во Македонија ги поттикнала големите сили, особено Русија и Австро-Унгарија како “најзаинтересирани“ за настаните во Македонија, да го забрзаат подготвувањето на реформи надевајќи се дека на таков начин ќе ја смират револуционерната атмосфера во Македонија и ќе ги осуетат бурните настани што биле на повидок.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Но токму тој мој ќеф, барем јас така мислам, го забрза она што можеби и без тоа ќе се случеше.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
А сонот не му ја мисли многу; зошто да си го арчи времето во објаснувања и додворување; му накалемил на валјакот сајли што ќе му го забрзат одењето, му додал некои нови каиши што ќе го раздвижат, горивото го дотерал така што пламен да фрла наместо чад, а потоа го пушти да ме казни заради необмисленоста на наредбата што ја издадов.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Нема време, му дојде друга мисла и не прекинувајќи го бришењето на главата што одново се оросуваше, го забрза чекорот.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Продолженото жешко време го забрза зреењето на последните видови и родот го престигна семејството, чекаше да биде собран.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Во поглед на мерките кои би требало да се преземат, сметале дека е потребно да се имаат предвид „алтернативни политики“, преку кои на Британците им се отворала можност предметот да го прифатат секогаш до онаа граница кога тие не би смееле да покажат дека заканата кон нивните интереси била преголема и од тие причини предвреме да не се придржуваат кон мерките што би можеле да го забрзаат директниот конфликт со Советската влада.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Оваа околност го забрза текот на работата.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Маж покрупен од мене, нем во муртењето, го забрзува трчањето.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)