го (зам.) - бие (гл.)

Во главата му се тркалаа, судираа и како со чекани го биеја зборовите на газдата: “Утре да излезеш само со пет души.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Во следниот момент Бахтијар-паша нареди во борбата да влезе и анадолскиот полк, артилеријата да почне од сите топови да го бие градот.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Долго време го испитуваа, го мачеа, го биеја, но тој ништо не призна, ништо не предаде.
„Гоце Делчев“ од Ванчо Николески (1964)
И најпосле, кога го дотераа и Бојка и почнаа да го бијат Толе го донесе решението за спасување и одмазда.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Го биевме непријателот на Копанче, Алјавица, Круша, Тумба, Бела Вода, Бигла, Горуша, Харо, Клефтис, Патомата, Орле, Одрето, Пиргос, Бел Камен, Главата, Кула, Свети Илпја, Јоргова Глава, Мали Мади, Вичо, Буци, Јанова Глава, Плати, Кулкутурја, Буковик, Баро, Јамата, Полената, Врбица, Стените, Кајмакчалан...
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
А дека некој таму, од едната или другата страна, откако обеси пушка на трн и најде топла постела под покрив, каде што не го удира виулица и не го бие дожд и отстрана се топори и сее зло, треба и нему да му го најдеме местото меѓу нас.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
- Ах, проклет! - му свика бесно, му го грабна дрвото од рацете и почна да го бие.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Киро се израдувал кога ја видел муницијата и веднаш ја активирал кртешницата, а Трајче од Сирково кој се наоѓал во истиот окоп, притрчал за да му помогне на погодениот Никола, но Германците кои го биеја ридот од сите страни, право во срце го погодија.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
Право на него. И да му свртеше грб, сонцето ќе го биеше со своите стрели од зраци - безмалку како ѓаволестиот ангел на љубовта.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Свесен дека го бие глас на слаб или никаков педагог (сега измислија и нов збор - методичар), Гого не му се мешаше многу во учењето на синот што му беше пошол по стапалките, освен што со едното око ќе ѕирнеше во неговиот блок - да види до каде е.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
И кога тенковите и пешадијата стигнаа до раскрсницата и таму врзаа тежок и крвав бој, авионите почнаа да го бијат брегот и патот што од Кулата-Пероо води Винени.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
9. Албанскиот граничен премин скромност го бие.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
- Драги и многу миљки деца, ченда на вашче таткои, мајки и братја и сестри шо денес геројски се боре и до смрт го бие клетио непријатељ и понасекаде победуваат и високо го креве знамето на победата шо е многу близу.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
На ѕидовите, полуосветлени – уметнички слики. Само шанкот – накитен со најразновидни шишиња со странски налепници – го бие појарка светлина.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
И дење и ноќе грмеше морето, а високите водје го биеја, та го биеја и го ронеа брегот.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Бог да го бие Цукерберк Марк го направи фејсбук ко луна парк кој бил да моча, кој со кој се смувал дознавме дури и трава кој дувал
„Проклетници“ од Горан Јанкуловски (2012)
Нетот стана прозорец на светот од него ни падна и наталитетот и сите шмизли го знаат редот па блицови фрштат во тоалетот Бог да го бие тој свет виртуелен живот компјутерски, извитоперен семејство збрано, ручек се тура трошки се ронат на тастатура Бутови, дојки, линкови од Цеца тетки у години бркаат деца врие манијаци, стари педофили женети дртала демнат по профили
„Проклетници“ од Горан Јанкуловски (2012)
Но, овој висок службеник беше целосно во заблуда; а далечниот извор на неговиот пораз лежи во претпоставката дека министерот е будала, затоа што го бие глас оти е поет.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Баш ќе му кажам на Кит, си викам, дека и тука го бие добар глас.
„Најважната игра“ од Илина Јакимовска (2013)
Да, тогаш, другари команданти, на почетокот на непријателската офанзива, тоа беше можно. Сега би било самоубиство...
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Оттука, Главниот штаб заедно со Политбирото на партијата внимателно, најодговорно и во детали ја проанализира целтата ситуација и заклучи: повлекување на сите наши единици од реонот на Грамос...
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)