ги (зам.) - искористи (гл.)

Новаковиќ се трудеше да биде близок и до македонските национални дејци за да може да ги искористи за целите на српската политика и пропаганда, па се среќаваше и со Мисирков.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Зборовите “водат” инает како неодредени, а исто така и неразбирливиот јазик на уметникот многу вешто ги искористува веќе традиционалните дефиниции.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Неговата прва изложба, во 1951 година во галеријата Лео-Матис му донесе парични средства, кои тој ги искористи за патување во Тола, на брегот на Карпиското Море.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Сега градот, што ги измери, вкуси и намириса, што ги искористи сите свои моќи освен една, ги подготви за да ја употреби и својата последна способност, моќта на говорот.
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
А сепак, сопственото јас, иако е вон телото, не може да ги искористи предностите кои ги очекува, и на кои им се надева од оваа состојба.
„МАРГИНА 22“ (1995)
Главна цел на проектов (пак повторувам: во неговата техно-варијанта, бидејќи текстот првобитно и не беше замислен како хипер-текст) е што пошироко да ги искористи можностите на овој нов медиј - хипертекстуалноста, всушност да ги „размрда” сфаќањата за тоа што воопшто значи медиј и палимпсест, бидејќи во случајов станува збор за еден мултимедиски палимпсест (расказ, предавање, епистоларна исповед, мала илустрирана енциклопедија, стрип, филм - овој проект едновремено е сето тоа, без да биде заробен во оклопот на било која од наброените форми).
„МАРГИНА 22“ (1995)
Ќе дојдат да ги искористуваат нашите природни ресурси.
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
Тој естаблишмент имаше можност да ги искористи моите знаења во едно организирано културно профилирање на јавното мнение.
„Маргина бр. 36“ (1997)
Во оваа своја политика Велика Британија изградила стратегија со која настојувала да ги искористи движењата на отпорот и народноослободителните движења во Европа за да ѝ послужат како трансмисија за повторно воспоставување на предвоените режими во окупираните земји.
„Британските воени мисии во Македонија (1942-1945)“ од Тодор Чепреганов (2001)
Навистина имаше право, кај неа љубомората беше маска, или купувања на некои права кои когаш- тогаш ќе ги искористеше!
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Нивните меѓусебни војни во историјата, познати како Пунски војни, Филип V сакал да ги искористи за нови освојувања на запад.
„Џебна историја на македонскиот народ“ од Група автори (2009)
Локалното население ги преминува за да купи поевтини или подобри продукти или услуги од другата страна; трговците ги искористуваат разликите во цените и даноците; криумчарите внесуваат незаконски стоки и луѓе, а „револуционерите се кријат зад нив, барајќи заштита од другиот суверенитет.
„Простори на моќта“ од Зоран Попоски (2009)
Во преговорите со балканските држави тие знаеле да ги искористат територијалните и националните интереси на одделни држави, со ветувања или со директно реализирање на нивните барања.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Додека го чекаше Ѓорѓе да се јави, тие триесетина секунди ги искористи уште еднаш се преслуша што треба да каже.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Милорад ја научи како до максимум да ги искористи своите наследни предиспозиции.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Ивона ги искористи врските на својот татко иако со своите квалитети можеше да помине и без нив.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)