ги (зам.) - извлече (гл.)

Тоа го чу по вторпат (а можеби и не сум луд!) и како пред опасност ги извлече рацете од меката врелина на нозете и ја бутна вратата на касата.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Децата две нејзини и две негови, си намигнуваа; заборавија што учеле до пролетта на училиштето; учителката отиде во некоја бања со сулфурна вода и со по четири кревети и дрвеници во собите, нема кој да им ги извлече ушите на учениците, зреат, смешен им е животот, на едните Марко не им е татко, другите во Јага не гледаат мајка: таткото седи под каца, мајката плаче, децата кришум гледаат, потоа шепотат ноќе и погодуваат како се родиле и како се раѓаат други деца.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Јас и Бреза се стрчавме кон него, му скокнавме околу вратот, Бреза едната рака му ја пикна во џебот од вентијагата за да ги извлече чоколадите што тој неизоставно ни ги носи секогаш кога ќе дојде, а со другата му ги скубеше мустаките.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
Ја кренал полека главата да го надене тој човек на рогот што му никнувал на тврдото чело, всушност ги извлекол рацете од утробата на животното и го зел ножот од крај себе.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Не помагало, Проказниците се споулавеле. Најпрвин гризале дрвја и камен, потоа ги извлекле од кании сабјите на пашите и си ги испоклале жените и децата ...
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Превивката преку окото на Арсо Арнаутче како да била грутка снег што ќе почне да се топи од топлината на огнот за да открие едно око што со неуништлива светлост ќе ги извлече озарени од мрак правдините и гревовите на светот.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Овие сознајби татко ми ги извлече од една многу ретка книга, од која, речиси не постои друг примерок на Балканот.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Во земјата што се распукна се скрши и кичот, како дел од нејзината монолитна идеолошка стратегија: секоја страна од урнатините ги извлече соодветните делови и ги залепи во своите нови стратешки чудовишта.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Во таквите моменти човека го опфаќа снажно емпатиско чувство и е во состојба се да стори за да ги извлече (жените) од тоа мирисање на Булгаковскиот пекол.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Ги извлекоа главите од јаремот.
„Пупи Паф во Шумшул град“ од Славко Јаневски (1996)
Технологијата не е семоќна, а политиката не мора да биде одвишна и залудна; тоа се поуките кои Кејџ ги извлече од некритичното воодушевување со спектакуларниот технолошки раст и ширењето на медиумите во последниве децении.
„МАРГИНА бр. 10“ (1997)
Тој од своите длабини ги извлече звуците на тоскиската албанска полифона песна.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
104 Ваквиот развој на настаните, а во согласност со претходното преземените активности за пренесување на дејствата на единиците на НОВ и ПО на територијата на Централна и Источна Македонија, ГШ на НОВ и ПО на Македонија, ЦК на КПМ и делегатот на Врховниот штаб на НОВ и ПО на Југославија на состанокот одржан во селото Слатина на 5 декември 1943 година донеле одлука да ги извлечат единиците од борбата со Германците и балистите и да се упатат со Првата македонско-косовска ударна бригада за Егејска Македонија во реонот на планината Кожуф т.е. на територијата на Третата оперативна зона.
„Британските воени мисии во Македонија (1942-1945)“ од Тодор Чепреганов (2001)
Едно утро, Камилски дојде кај Татко со замислата, од набележаните отомански идеи, да ги извлечат оние со негативна конотација, односно, како што ги нарече тој опасните отоманизми.
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
Најпрвин влечевме стапчиња за поделба на улогите – оние што ќе ги извлечеа подолгите беа Апачи, а оние со покусите – Команчи.
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
Сфати дека поуките остануваат празни и далечни за оние што ги слушаат ако не можат да видат дека тој ги извлекол од својата душа и токму својот живот го насочил преку нив.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Во разлабавениот простор Пелагија уште еднаш се доближува до Деспина, уште еднаш силно ја избакнува и прегрнува, истото го направи со Роса и Милка, Пела ја забележува во рацете на мајка Перса и со ишарет ги извлекува надвор, а потоа се предаваат на уличката што ги упатува на кај Бит-Пазар.
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
-Старче, спасувај ме, не можам да ги извлечам нозете.
„Мудрецот“ од Радојка Трајанова (2008)
Не одговарав на некои директни информации, често добивани од едностраните официјални или приватни медиуми. & испратив еден прилог во француски превод, во еден мултиетнички Форум, кој се објавуваше во водечките весници во Република Македонија на македонски, албански и англиски јазик, за да ги извлече самата релевантните заклучоци, во контекстот на мојата балканска сага... III ПИСМО ОД ЈЕЛЕНА ЛУЖИНА ДО ЛУАН СТАРОВА, ПИШУВАНО ПО ЧИТАЊЕТО НА НЕГОВИОТ ЕПИСТОЛАРЕН РОМАН ПОТРАГА ПО ЕЛЕН ЛЕЈБОВИЦ Скопје, 28 март 2008 Драги Луан, Ти благодарам што ми го испрати ракописот на Твојот најнов роман, насловен со таинствена, небаре јунговска синтагма Потрага по Елен Лејбовиц.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Па така мораше да ги извлече дрвата горе во селото, по угорница да се движи полека се додека не се пробие низ облакот во кој беше завиткано селото.
„Ветришта“ од Радојка Трајанова (2008)
Ширината пред селото Псодери беше претесна за да прими 1500 ранети што до тука по длабокиот снег и под постојан артилериски и минофрлачки оган, пругоре, по стрмните угорнини ги извлекоа од крвавото боиште и од тука, ноќе, камиониτε ги префрлија во болниците во Албанија.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Тука Захаријадис ги извлече на бина од која пред сите зборуваа најтешки зборови за нив, од таа бина паднаа најтешки обвинувања за што во воено време се оди на воен суд и се добива најстрога казна.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Дотрчала до бедемите на мостот, ги извлекла запалените фитили и ги фрлила во реката.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Само уште им фалат мајките да влезат на игранкава и за коси да ги извлечат надвор.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
И Климент Камилски си имаше маки додека од мноштвото книги ги извлече тие што се однесуваа на јазиците.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Со таква задача беше задолжен и Камилски, којшто овие зборови требаше да ги извлече од областа на архитектурата, урбанизмот, трговијата и занаетите, земјоделската терминологија, алатите, парите, мерките.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Камилски најпрвин ги извлече од речниците заемките за означување поголеми или помали градови како: касаба (со потекло од арапски, саѕаbа), заемка присутна во сите балкански јазици); паланка (од унгарско потекло во турскиот).
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
FlexiMac
 менување на македонски глаголи
ДИГИТАЛНИ РЕСУРСИ НА МАКЕДОНСКИОТ ЈАЗИК