ги (зам.) - заработи (гл.)

Со повеќе пари што не сте ги заработиле вие, а и не сте ги заслужиле, се навикнувате лесно да трошите, непотребно да трошите, а тоа е лошо и за вас и за вашите родители, а и за средината во која живеете.
„Добри мои, добар ден“ од Глигор Поповски (1983)
Децата имаат голема енергија и мора некаде да ја трошат, а згора на тоа, сакаат да изигруваат јунаци и тепачишта, се мислат многу силни и моќни, па така ги заработуваат модринките или скршените глави.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
На располагање му стојат слободите што во долгите векови мачно ги заработил спојот на филозофската генијалност и политичкото јунаштво, благословено со крвта на мачениците; по заслуга на најпродуктивното стопанство во историјата на човештвото гарантирани му се удобност и слободно време; науката продре во тајните на природата, за да го снабди со чудесна, на оригиналот верна репродукција на звук и слика.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Сега веќе дури и помислував дека плуските на дланките, за кои веќе зборував, можеби сум ги заработил на некое друго место. Не на оваа врата.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
- Верски календарчиња за 50 денари - пред него викаше еден човек, кого сите го избегнуваа како тој да проси пари, а не да сака да ги заработи.
„Вител во Витлеем“ од Марта Маркоска (2010)
Зашто, иако врагот не успеал да ги заработи телото и душата на трговецот со добиток, успеал, наместо тоа, да го разнесе тутунот низ цела Јапонија.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Ситните пезети кои подоцна почна да ги заработува со изработката на уметничко цвеќе, ѝ дозволуваа привремено олеснување.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
FlexiMac
 менување на македонски глаголи
ДИГИТАЛНИ РЕСУРСИ НА МАКЕДОНСКИОТ ЈАЗИК