ги (зам.) - бие (гл.)

- Еве да ти се јавиме цару дека сме живи и здрави што и тебе ти пожелуваме од сето срце и душа да чуеш за нас како сме ги биеле твоите војничиња и како ќе ги биеме конкретно...
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Цел ден ги пече сонце, северот не ги бие, а и земјата изгледа е најродна.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Кого за врат, кого за ребро, кого за бутови, им ги накачија ченгилите во месата на сите врзани, а младите ги потиснаа да ги бијат.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Бахтијар и бимбашијата не го познаваа местото и не предвидоа дека може некоја чета да ја опседне таа тумба и да ги бие одзади.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Виулица да не ги удира и дожд да не ги бие?
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Ниту виулица ги удира и ниту дожд ги бие, Само смртта минува мртовци насејќи.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Калуѓерот го одврза и тој штом стана, се впушти кон жените да ги бие...
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Околности - Создаваат повеќе Младоженец - Смешна жртва, на престапници отколку самата умисла. почетокот се радува за подоцна да Опасност - Случај, во кој душата плаче. си ја спознава величината или Мода - Идол обожуван од будалите, ништожноста. за тие да се прогласат за паметни, и од паметните, да не ги бие глас на будали.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
Избиени и голораки, под водство на комунистите, што е најлошо, станаа против државата која со наши пари и оружје безмилосно ги бие и ги треби.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Мајка ти долго се загледа во колоната и тивко рече: „Оди аскеро нашите да ги бие...“
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
- Е токму во тие денови некој донесе писменце од тате во кое тој пишуваше дека е ослободен од логор во еден остров на море, бидејќи се јавил како доброволец и дека верува оти додека стигни писмото дома, тој цврсто ќе ги бие Италијанците...
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Со митралези ги бијат рововите и со ракети и бомби - бункерите. Бранот менува бран. Одлетуваат.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
И мачно им е за тоа противникот ги бие кога сака и со што сака.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
И веднаш и се залепи мислата на вчерашниот ден, кога во раните утрински часови, две артилериски батерии, нивните позиции ги биеја без престан.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Седумдесет авиони кои полетаа од аеродромите во Лерин, Рупишта и Кожани во пет часот наутро ги нападнаа позициите на ДАГ, а половина час подоцна, рововите и бункерите почнаа да ги бијат сто и четириесет топови, уште толку тешки минофрлачи.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Противникот од сите орудија ги нема на нишан и ги бие.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)