искористи (гл.) - негов (прид.)

„Што да правам, како да го надитрам овој волшебник?“ - размислуваше Малчо, сакајќи да ја искористи неговата волшебна сила на најубав начин.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)
Стјуардесата го искористи неговото присуство и, сосем малку, се оддалечи.
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
Јас одговорив дека џезот е универзална музика, како што „Кока кола“ е универзален пијалак, и дека треба да се искористи неговиот мундијализам, за под негово руво да се пласира богатството на нашиот фолклор.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Бидејќи токму тогаш татко ми беше на Кожуф Планина јас си реков да го искористам неговото отсуство за постење тримери и ги наговорив девојчињата.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
Махмуд Дарвиш беше свесен дека пред себе нема љубопитен новинар кој би го искористил неговото присуство за ексклузивно интервју туку човек, писател и поранешен дипломат кој ја споделува на еден посебен начин судбината на неговиот народ, како дел од човековата судбина...
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)