искористи (гл.) - мој (прид.)

Тој естаблишмент имаше можност да ги искористи моите знаења во едно организирано културно профилирање на јавното мнение.
„Маргина бр. 36“ (1997)
Кога открив дека сме заедно слушнав како ѝ велам дека не смее да го искористува моето невнимание.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
И замисли си, сосема неочекувано и подло, сите овие срамотилаци во врска со нејзиното решение Стојна ми го изнаприкажа откако цела една ноќ и дозволив да ја искористува мојата машкост! (Ех да можеше природата да раскажува!) "Да знаеш, моме, оти оваа ноќ долго ќе ја паметам", и реков.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)