искористи (гл.) - момент (имн.)

Братучедите го искористија моментот и јурнаа кон него со кренати раце повторувајќи: - Се предаваме! Се предаваме! ...
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
Ако е пак во добро расположение, ќе почне да бара низ фиоките и јас тогаш ќе го искористам моментот и убаво ќе разгледам што учи.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Наеднаш ми се роди лудата идеја да го искористам моментот кога ќе ја отклучува месарницата.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Реков: дозволете ми да го искористам моментот и да ви предочам барем еден дел од мојата судбина.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Ја напишав најнапред без да посветам многу внимание на споредните работи, важно ми беше да го искористам моментот за да ја пренесам мојата мисла на хартија, па откако сето тоа го направив се навраќав неколку пати да го препрочитам напишаното.
„Седум години“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2012)
Ја погледна Херкулина. Таа го искористи моментот за да покаже кон својот рачен часовник и да го потсети дека времето за посета истекло.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)