зборува (гл.) - или (сврз.)

Одвреме-навреме од улица ќе чуеја луѓе да зборуваат или некој со налани по калдрма ќе затропаше, а неколку пати и коли поминаа.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
Ако зинат да зборуваат или да се проѕеваат, вели, јазикот им бега и надвор им испаѓа.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Според облеката која не зборува или по изгледот кој престорува?
„Три напред три назад“ од Јовица Ивановски (2004)
Тие разговараа за женски работи, од козметички препарати до педагошки постапки, но сега Маре рече: - Сите мажи зборуваат или за политика или за спорт.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
И просто не знаеш што ти е померак - Карло да ти зборува или на Карло да му зборуваш.
„Бед инглиш“ од Дарко Митревски (2008)
Тоа беа нашите одговори на секој нивен обид да зборуваат или да се обидат да објаснат.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Тој за миг зашеметено стоеше таму, несигурен дали тоа беше човекот што го слушна како зборува или беше гласот во него.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
FlexiMac
 менување на македонски глаголи
ДИГИТАЛНИ РЕСУРСИ НА МАКЕДОНСКИОТ ЈАЗИК