четири (бр.) - илјада (имн.)

Секако држи околу себе барем три четири илјади души аскер.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
— Јас заповедав есеноска да не се враќате дури не ги исчистиме тие трње, а вие сите четворица со четири илјади души аскер не фативте еден арамија, та налет комитите што ви избегаа.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
На грчко-италијанскиот фронт во Албанија загинаа околу четири илјади Македонци.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Дозна дека тврдината била населена уште од праисториското време, уште од неолитот и раното бронзено доба, четири илјади години пред новата ера, за што сведочеле остатоци од земјанки, колипки, палисади.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Чанга можеше сѐ да поверува од книгите, ама никако не му влегуваше в глава, тврдењето дека Калето според остатоците на земјанки и колипки е старо четири илјади години.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Крајната цел со градбата на каналот беше да се скрати за четири илјади километри патот помеѓу Санкт Петерсбург и Биеломорск.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
„А Асикрит Пелазгиј има прочитано речиси четири илјади“, додаде и жилата му заигра победоносно на вратот.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Арапската легија ќе го нападне кампот на бегалците и ќе бидат убиени близу четири илјади, а ранети дваесет илјади Палестинци...
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Во џебовите му нашле едно портмоне, во кое имало медалјон со слика на Богородица, еден автобуски билет за две возења и дваесет и четири илјади марки во готово, како и дупликат од признаницата што морал да ја потпише во лотаријата, и тие пари не можел да ги има повеќе од една минута, веројатно и помалку, зашто камионот го прегазил на само педесет метри од канцеларијата на продавачот на лозови.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Заедно со партнерот кој му должел на татко му четири илјади евра.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)