сто (бр.) - илјада (имн.)

Кај сила – нема правина! – Да се лажеме срамота е бегу – проговорија во еден глас попот и кефалијата – сто илјади аспри не само нашето село, ами цело Мариово сермија нема, не готови пари. Ами дајте мувлет?
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Мариово останува и понатаму султанов хас што ќе дава сто илјади аспри годишно, кои пари лично на султанот ќе му ги носи секоја година мариовскиот земски кмет што ќе си го избира народот.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Набљудувајќи го поленот под микроскоп, пресмета дека во еден цвет од јаболко има околу сто илјади поленови зрнца; во цветот од божур, околу три милиони; во реса од леска, околу четири милиони; во реса од бреза околу шест милиони; а пак во ресите на брестовите и костените по неколку милијарди поленови зрнца.
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)
Од друга страна пак, рационалното мислење - како што е на пример играњето шах - е новопридобиена вештина, можеби не постара од сто илјади години.”
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Си поминал сто илјади километри, а чиниш сѐ уште си на стартот.
„Авантурите на Дедо Мраз“ од Ристо Давчевски (1997)
И додека во тоа време Париз и Лондон биле мали, неразвиени градови, Кордоба имала околу сто илјади жители и библиотека со околу половина милион книги.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)