осум (бр.) - илјада (имн.)

Фативме адвокат и тој направи тужба до судот; во неа смртта на Ѓеро ја процени на четириесет и осум илјади лири.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Светот станува соседство во кое едно лице оддалечено осум илјади милји може да биде “овде, под твојот прозорец”.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Пред осум илјади години нашите предци имале чувство за сите овие науки.
„Ветришта“ од Радојка Трајанова (2008)
Историјата на земјата започнува можеби осум илјади години пред Христот.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Сега, по многу одминато време неизбежно во мозокот се вклинува прашањето: која беше целта тие, осумте илјади партизани на Демократската армија на Грција да влезат во ровови и бункери и само со пешадиско оружје да ѝ се спротивстават на осумдесет илјадна владина армија облечена и сита и вооружена со најсовремено оружје?
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Илјадници селани од околните и подалечните македонски села заедно со седумте или осум илјади партизани на ДАГ цели седум месеци копаа ровови и градеа бункери.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
И упорно си повторував во себе,додека преку два аеродрома и осум илјади километри воздушен простор летав кон непознат правец над Атланскиот океан: - Ако заборавам, сѐ ќе изгубам!
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Осум илјади бакнежи и осум илјади нежности за тебе.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Замислете, седум до осум илјади наши борци да се најдат зад грбот на непријателот?!... Што би правел тој?
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Климент Камилски располагаше со студијата на Петар Скок, Restes de la langue turque dans les Balkans, објавена, во белградската Меѓународна ревија за балкански студии во 1934-1935 година, подоцна успеа да го најде штотуку излезениот речник во 1957 година во Сараево на Абдулах Шкаљиќ, Turcizmi u nаrоdnоm govoru i narodnoj knjizevnosti Bosne i Hеrсеgоvinе, во кој биле обработени осум илјади турски заемки.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)