дваесет (бр.) - илјада (имн.)

Двесте души нѐ исплашија и нѐ нападија со еден плотун како чавките Дервиш полјакот во Бзовичко, та ќе го дочекаме Џавидпаша со две, а може и дваесет илјади души.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Во непосредна блзина на местоживеалиштето на „хипиците“ - Рамбрантовиот плоштад - се наоѓа и „Црвениот Амстердам“ со своите „знаменитости“ - дваесетте илјади „регистрирани девојки“.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Во илјада осумстотини триесет и петтата година, со раѓањето на еден од римските папи Пио (X), (по пет години откако францускиот венеролог Рикор докажал дека луесот и гонорејата се две различни болести), на ватиканската ризница ѝ се бројат или ќе ѝ се избројат околу дваесет илјади дукати како данок од проституцијата.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Градот чекаше дваесет илјади години. Планетата се движеше низ вселената, цвеќето по полињата растеше и венееше, а градот сѐ уште чекаше; реките на планетата навираа, пресушуваа и се претвораа во прав. Градот и натаму чекаше.
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
Ова се оние што ги чекавме дваесет илјади години за да ги видиме повторно.
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
Сега Битола, со своите сто и дваесет илјади жители, беше станата стог сено во којашто секој поединец не беше баш игла ама не беше ни поголем од шајка во таа огромна грамада надојдена од селата.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Следниот миг затрубија и другите, секоја со посебен звук, некои длабоки како рогови што даваат сигнали во магла или како сирени на пароброди, други танки и пробивни, но сите го најавуваа привремениот прекин на работата на дваесетте илјади раце на работниците во пиланите и во фабриките.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Кавгата беше за кредитот кој го зема. Дваесет илјади денари.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)