ќела ж.
ќелав прид.

ќела (ж.)

Тој покажа кон вратата, таа тргна, но ливчето ѝ падна без таа да забележи; класниот стана, го зеде, Луција веќе беше надвор; Фисот го прочита и се вцрви (беше ќелав, но жилав маж, со брада, и јас првпат видов дека брадата не можеше да го сокрие неговото црвенило, оти ќелата му пламна како да е лице).
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
На предното седиште седеше тој; беше свртен во полупрофил; ќелата му беше црвена, вжарена, брадата му беше накострешена; зборуваше нешто, но не можев да слушнам што; при говорењето, една жила на вратот му се затегаше и се дуеше како да ќе пукне; одеднаш, до мене доплови само откршок од разговорот: „Ти мораш да го пријавиш тоа, ако не го пријавиш, ќе имаш последици“, рече тој; рацете му беа спуштени под воланот; десната му беше подадена кон седиштето на совозачот; во еден миг се навали кон назад на седиштето и на другото седиште ја видов Луција; очите ѝ беа затворени, носниците ѝ се ширеа (и денес не знам дали е тоа возможно, човек од десетина метри, наспроти сонцето, да види дека се шират женски носници: дали тоа беше истата онаа слика на Луција од разбојот); по образите ѝ се слеваа солзи; да, сигурно видов дека Луција плачеше за еден миг, а потем престана.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Фискултурецот дуваше низ носот и со крајни сили се воздржуваше да не ме отепа; ќелата му беше вжарена, како во џипот, под оревот, крај насипот со пругата.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Гледајќи го одзади, неговата нова ќела толку тажно изгледаше.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Колку сѐ директори и секакви началници не се промениле, него можеле да го видат секогаш на едно исто место, при една иста задача, постојано како чиновник за препис, така што потоа се убедиле дека тој, очигледно, и се родил на светов веќе сосема готов, во виц-мундир и со ќела на главата.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
FlexiMac
 менување на македонски глаголи
ДИГИТАЛНИ РЕСУРСИ НА МАКЕДОНСКИОТ ЈАЗИК