љубопитен прид.

љубопитен (прид.)

При ова кратко изложенїє присовокȣпȣваме неколко народни песни на Македонско-то наречїє , кои въ много отношенїѧ се любопитни.
„Мисли за болгарскїй-отъ ѧзикъ“ од Партениј Зографски (1858)
Но кога љубопитно поткрена глава, виде дека очите на светлокосиот се широко растворени и управени напред во светлото летно небо.
„Бегалци“ од Јован Бошковски (1949)
Мече љубопитно се подисправи.
„Бегалци“ од Јован Бошковски (1949)
- Оздраве? љубопитно ме загледа како да сум ретка и скапоцена играчка. - Денеска првпат излегов.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Гледаше љубопитно кон мене како нешто необично да видел на мојата глава.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Намуртено гледаше пред себе со очи под полуспуштените клепки и ги криеше светкавите зеници пред љубопитни погледи.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
И знаев дека не бегав од љубопитно издолжените цевки на револверите туку од неа, од таа огромна гасеница, од тој грев“.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
„Не сум љубопитен. Не сум вљубен во науката.“
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Што сонуваш и шепотиш и мислиш кога по ноќва моја прстите твои бладаат можеби сакаат да ја откријат вистината што грее меѓу рацете и градите Јас и ти сме како тревата и ветерот: допирот нѐ крена од едно јалово мирување затоа сега нѐ вознемирува овој наслутен лет со кого плискаат љубопитни нашите дланови глуви Желбата благо се нурка во твоите широки очи и шуми за кревкото стебло што скоро ќе се роди
„Дождови“ од Матеја Матевски (1956)
Нивните грла крцкаа испреплетувајќи се во реченици за кои не беше љубопитен.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Не се љубопитни тие очи, не се ни рамнодушни.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Бранко го наближи споменикот пред гимназијата. Овде обично, во првите вечерни часови, се состануваше со девојката; блиску беше паркот и можеше лесно и бргу да се сокрие од љубопитните погледи.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Љубопитно ја изгледа, не ја доврши мислата што се роди во него за цената што ја платила за крзното, ја прегрна.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Отец Симеон смерно гледаше итро насмевнат со ноздрите. „Љубопитен сум и слушам“, рече. „Кој сте вие?“ Иван одговараше со достоинство на сигурен сведок. „Лекар сум...“ Не заврши.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Го виде него, тој некој од станарите, адвентистот, свиткан пред прагот, со накривена глава и со танко конче светлост од љубопитното око; ги крстоса рацете.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Глигор љубопитно ги залепи своите очи врз рапавината на неговото лице.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Сега таа сала, огромна и спарена, ќе му се искикоти на живиот и мртвиот Арсо, вака рамнодушна, љубопитна и пакосна.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Кога ќе влезат тие на таванот, петелот секогаш стои мирно во еден агол, не се ни трга, ни бега, само така стои и понекогаш гледа во Зоки со своите љубопитни очи.
„Зоки Поки“ од Оливера Николова (1963)
Ние со Ели љубопитно ги поткренавме главите и слушавме.
„Друга мајка“ од Драгица Најческа (1979)
Исто така беа љубопитни кога нѐ гледаа заедно да доаѓаме на училиште.
„Друга мајка“ од Драгица Најческа (1979)
Повеќе