јуриша несв.

јуриша (несв.)

Туку наредба си е наредба и ние јуришаме. Којзнае што беше тоа?
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Се слушаа нивните неспокојни, испрекинати гласови, неуморно веслаа, јуришаа кон брегот.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Македонските војници, млади селани-партизани, во есента 1944-та, јуришаа по голините за да ги освојат нивните утврдувања, а тие, откако ќе ги пуштеа блиску до себе, ги косеа.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Поп-артот јуришаше напред, а Ворхол го зазема местото на главен стратег.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Кога поп-артот се појави шеесетите години на ликовната сцена, втората генерација на апстрактните експресионисти се подготвуваа да јуришаат на високите естетски вредности што ги поставија Вилијам де Кунинг, Џексон Полок, Бернет Њумен и другите.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Мајка ѝ на Тодора навистина ја викаа Јана, ама ибн Бајко, иако јуришаше на Тодора како на кула, извојува кај неа само една победа - кога ја натрти и ѝ го пушти семето како ѓуле далечинско.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Заедно јуришавме, бегавме, се криевме, па фаќавме нови позиции, заедно јадевме со иста лажица од една порција, се покривавме со исто ќебе. Да, многу работи ни беа заеднички.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Камилски беше прв во колоната, како што некогаш беше прв кога јуришаа на шпанското боиште.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Горуша и Круша живнуваат само тогаш кога на нив се јуриша.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)