јунец м.

јунец (м.)

Од ум. Познато е - секое јунче станува бик.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Без скршнување, расцепувајќи ја целината на снегот во една права линија, самјакот ја имаше пренасечено долината, префрлувајќи се од шумата од едната страна на Белата Долина, кон шумата од другата страна, оставајќи ја по себе оваа длабока трага, во која можеа да се распознаат и стапалките на неговите копита, големи колку на јунче.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Просто го сеќаваше на своите рамена тоа тупо, но толку благо лице, од чијшто поглед ниеднаш не престануваше да се точи знајната длабока, потсмешлива добрина, која немаше заедничко ни со двете големи торби под очите, ни со длабоко и несиметрично врежаните старечки долини околу устата, ниту пак со неговата тврдо скована брада, чиниш од под која веднаш се слеваше јакиот јунечки врат.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Првите денови, додека снегот сѐ уште, иако со тешкотија, можеше да се гази, понекое говедо, особено црниот, силен јунец, го растуркуваше снегот со убавите рогови и излегуваше од пртината што ја беше пробил Бојан.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Едно ѓуле паѓа на лединката и еден војник скока, како јунец.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
- Во војно време, велам, сите луѓе се лоши, Само на крв рикаат, му велам на војничето што го носам, ко волови, ко јунци рикаат, му велам.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
При спиење крчеше силно, бревташе како заклан јунец, како вулкан да клокоти.
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)
Како дар од нејзините жители и од Акиноските, понесе пет канти со мед, пет канти со овча маст, толку со сирење и восок, неколку јунци и повеќе шилежиња - за да има пресно месо до дома, до Константинопол, а како спомен од себе, покрај двете смртти на браќата Акиноски, го остави и она одликување кое во домот на Акиноски, во едно дрвено ковчеже, заедно со други семејни реликвии, на полиците во гостинската одаја се чуваше до целосно пропаѓање на Имотот, во времето на распуштањето на колективите.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Една жена принесува јунец и му вели на калуѓерот: „Син ми беше ветен да му служи на манастиров, но болен е.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
За да се искупиме од борчот, за да му помогне свети Наум да оздрави, ви го подарувам јунецов...“ го бацува во челото како синот да си го бацува и му го подава на калуѓерот.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Растеше со променливо здравје: некогаш засилено удирајќи со главата во босиците од мајка му како јунче не можејќи да се насити од цицање, а некогаш не сакаше да цица и постојано плачеше без престан и дење и ноќе.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
Какво јуне!? Бивол нема таква сила, со прст товар крева од илјада кила.
„Пупи Паф во Шумшул град“ од Славко Јаневски (1996)
Од селаните зедоа шест јунци и заминаа за Костур.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)