југовина ж.

југовина (ж.)

Секогаш се случуваше така, снегот да преврне а после или да заплисне југовината со својата блага бура, што ќе слисти барем една дебела половина од наврнатиот снег, што ќе размекне, ќе спитоми, ќе одврзе, а ќе му даде и нему доста вода за да си ги сврши сите работи, за кои беше дојден; или пак ќе дојде една од оние ведрини, ќе се изостри една таква при која сонцето ни во најцрвеното и најослепувачки огреаното пладне нема да биде во состојба да му излишти ниту една капка.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Вечераше од неа пред прозорецот, што го остави отворен, за да не изгуби ниеден здив од таа настасана југовина.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Или пак од некаде, како зауздани бели коњи, се спремаа да ја истрчаат земјата и да ја стоплат питомите ветрови на југовината?
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Се сменуваа сушици и припек и само во југовина сѐ што се движеше пееше услиши господи и херувими а воздухот повторуваше со години секој збор и секој глас.
„Камена“ од Анте Поповски (1972)
Кога од таму прудолу, кон полето лениво се спушта југовината, тогаш со себе таа носи и шири мирис на највкусен планински чај од Одрето.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Во поднебјето југовината црвен бајрак развејува...
„Поетски блесок“ од Олга Наумовска (2013)