ја (чест.)

– „Ја види ја, бре татко, ногата, кај што ми ја окрши и ми се завари“.
„Силјан штркот“ од Марко Цепенков (1900)
Ја повели, седни, и на малку леб и сирење касни, да тамо ќе се разбереме за сѐ што има да нѐ прашаш и да те прашаме“.
„Силјан штркот“ од Марко Цепенков (1900)
Да си претставиме ние сега оти ја каде Митровден доаѓа меѓународен одред и ја окупира земјата.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Ја плати ми ти мене венчавката и владичкото, та тамо да си свршиме работа, да ве провенчам, нека е аирлиа, да се напиеме, да си повечераме шо дал господ, а да не нѐ гледа векот како на пазар да се пазариме и да се плаќаме.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
И таа како дедот Петка: намириса дека Митра е запалена за оваа работа и почна да тврди пазар: — „Та. .. којзнае, невесто Митро, дали ќе ми најдеш тоа шо треба; та . . . ногу време сака да помине; ја... требало порано да дојдеш; којзнае дали ќе можиш да платиш“, — и триста други маани си наоѓаше. И за неа „ништо не сака“.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Јас будалата се вратив. Друго беше тоа. Ја.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
Потпри ја снагата на нешто: на некој кажен, на некој бозд, ја на што било. 191
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Ние бевме што бевме! Ем само со еден грав нѐ ранеа - ја ќе најдеш зрно внатре ја не.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)