јајце (ср.)

Пржи кокошка, пржи јајца на масло.
„Чорбаџи Теодос“ од Васил Иљоски (1937)
Ги собраа со Петрета и Кулета јајцата и поскурите, им даде и ним по дееетина дваесет јајца, по две-три поскури и му ја нарами торбата на Петрета да ја однесе кај него, оти толку беше „лесна“ та сам, така стар, не можеше да ја однесе.
„Крпен Живот“ од Стале Попов (1953)
Неговите кокошки биле пасени во оградите, бидејќи куќата му е на крајот на селото и тие јајца от такви кокошки биле појаки од оние што се од сретсело.
„Крпен Живот“ од Стале Попов (1953)
— Божји благослов, бре Беле, — му одговара другар му Митре Србјаков и му го подава половината излупено јајце. — Земи, земи касни, за ногу години!
„Крпен Живот“ од Стале Попов (1953)
Жонглирав со куп јајца и го дочекував од воздух секако - со уста, со нос, со чело.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Си крадел страчкини јајца, ќе крадеш и мисиркини, па дури и мисирки.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Во нив растат црвенокапи печурки, и не се тоа, човешки домови се, села, куп шарени велигденски јајца.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
А Ристе ги шета сокаците и пее - мангарче бара, јајце страчкино за лек дава.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Ќе се разбуди страчката и ќе се зачуди - јајцата овде ги оставив, сега ги нема.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Секој ден изнесуваше сѐ појаки аргументи: млекото, месото, јајцата, овошјето, па уште ладна вода, пиво, сладолед...
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Таа трпеливо ги бараше во него сите оние места, низ кои што можеше да се вовлече и уште подлабоко да се протне, за таму во неговата срцевина да може да почне да се загнездува и да ги снесе тука своите змиини јајца на сомневањето.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Претседателот, сиот блед и изгубен во вратата, поцеден по муцката од маста од пржените јајца, што ги поручуваше, со касајот в уста, да го акнеш со тој чекич, истапен по камењата, што ги кршеше со него во ѕидањето и сиот бел од исушен малтер, ех, зошто не го стори тоа, зошто...
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
- Сакам јајце зелено, и црвено... - Пак и зелено, и црвено, и сино? Нема! Друго, друго!
„Зоки Поки“ од Оливера Николова (1963)
- А ти, јајца ли носиш, пријателе?- праша граѓанинот.
„Гоце Делчев“ од Ванчо Николески (1964)
- Јајца, велигденски јајца! Јајца за пријатели! - одговори селанецот.
„Гоце Делчев“ од Ванчо Николески (1964)
Во нив требаше да снесат јајца, од кои ќе се изведат пилиња.
„Гоце Делчев“ од Ванчо Николески (1964)
Во ходникот, како и секојпат од левата врата допира миризба на пржени јајца.
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
За красти: темјан, восок, ќуќар, смола. За глисти: лук, желкино јајце, суви печурки, желади...
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
Ѝ завидувам на сестра ми: за неа секогаш има по некое компирче или јајце.
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
- Грацио, боно бамбино! - израдувано викна стражарот со брадичката, го зеде шишето и кошничето со јајцата и влезе во стражарницата.
„Волшебното самарче“ од Ванчо Николески (1967)
Повеќе
FlexiMac
 менување на македонски глаголи