јасни (несв.)

Другите, од тоа време, се такви или слични - искинати, замаглени, не сосем јасни.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Ја согледа пред себе, низ замагленоста што бргу се јаснеше, камилата.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
И во тажно чадливата пустош се отиснуваа сцени, живнуваа ликови болно јасни и од тоа го болеше главата.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Сѐ што се случува во селото: добро или лошо, се случува на него: преку него врват и свадби и свадбари, и погреби и музики, и арамии и војски, по него во селото доаѓа една власт а си заминува друга, по него се испраќаат и пречекуваат луѓето за војници, печалбарите по светот; на него седнуваат старци и старици да се топлат на сонцето, на него везилките од селото се собираат да везат и пеат; на него се читаат наредбите на власта, по него се тркалаат бочви за да киснат во езерото; крај него се садат муренкови стебла за сенки; на него говедарот го собира добитокот за пасење; којшто ќе дојде од градот или околните места да купува и продава, на него купува и продава; тесните сокаци: одат кај ќе им текне; се кршат, се извиваат, се провираат меѓу куќите, кружат и пак одново се враќаат и излегуваат на широкиот пат крај езерото; по отпадоците што се фрлаат на нив, се знае која куќа што готви за јадење која што заклала; која бара заскитан добиток или деца, во која се веселат, а во која водат војна; по тие сокачиња, ако си невнимателен, можеш да се чукнеш во столче, во синија, во каца, во кош, во тезгере, да се слизнеш на лушпа од тиква, од лубеница, од лепешка; да цапнеш во бразда што одненадеж ти излегла, да се сретнеш со натоварено добиче со кое не ќе можеш да се разминеш; да ти лавне одненадеж од некоја порта куче, да те запраша некој кој си и кај одиш, да те викне некој што започнал сам во дворот да пие; низ нив и зиме и лете струјка ветер од езерото и шишти како низ тутурка, како низ оџак; галеб кога ќе се најде во нив, креска како да се загубил; боите на куќите: сината: луѓе вљубени во езерото, во мирнотијата, во спокојот; мудри, темелити, неизбрзливи во ништо, сигурни во она што го прават и говорат, верни на она што го преземаат или ќе го наумат; добри, предобри, душицата како на дланка да им се гледа; засакаат ли нешто - се врзуваат за него трајно и за век, како што се врзуваат земјата и историјата; зелената: скитници; непостојани во сѐ: во потфатите, во работата, во мислите, во духот, во зборот; она што го започнале денеска да го кажуваат, ќе го завршат вечер, утре, или никогаш; не држат многу за ред, за збор: зборуваат за работи што не им се доволно јасни, одговараат на прашања пред убаво да размислат, решаваат пред да бидат наполно сигурни; слобода и ширина имаат во сè; жените со рулче на раце или на босици седат на прагот; децата им мочаат кај им е ќеф, седат на прагот или скитаат по сокаци; очите им играат како во масло.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Петара веднаш го мобилизира војската, го доизучи и го направи офицер, а Неделко и Тодета, под изговор дека се грижат за воените сирачиња, а всушност со сосема јасни намери, за да ги посрбат, училишните власти ги однесоа - Неделка во Крагуевац, Тодета во Горни Милановец, божем за да ги изучат.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Се обесил, загинал во турскиот логор од офицерски куршум: Нема јасни податоци.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Тука работите беа јасни. Остануваше мал простор за тактизирање.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
А и наредбите од републичката власт, засновани на партиските директиви, беа генерално јасни: козарите, мора да се прифатат во градот, по никоја цена не смеат да се вратат.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Тука, во призматичниот лустер беа виножитата, утрата и пладнињата, јасни како новите реки што бескрајно течат назад низ времето.
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
Ми станаа јасни активностите со кои таа се обидела да го вообличи телото во прифатлива форма - во “послушно тело”.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Барокната свеченост по повод човечкото преминување во непознатото обележана е со споменични градби или ликовно јасни симболи на предмети како некакви амблеми на протагонистите.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Но Џорџ Смит можеше само да гледа во малиот човек поцрнет од сонцето, со остри јасни очи, и да го прошепоти неговото име, тивко, за себе.
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
Снимателите секогаш добиваат јасни упатства од мене, и никогаш не оставаат простор околу фигурите.
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)
Односно, таму се наоѓа граѓанството како обичен социјален слој, а не како освестена социјална позиција која на темелите на јасни граѓански вредности активно го оформува општествениот живот низ неговите морал, право и политика.
„МАРГИНА бр. 35“ (1997)
Формата на идеограмот може да биде толку изменета што веќе не се распознава како сликовна претстава на предметот; а неговото првобитно значење може да биде проширено на тој начин да ги вклучува идеите за кои не постојат јасни сликовни претстави.
„МАРГИНА бр. 36“ (1997)
Не заборавајте, трите конфесии со кои го вкоренуваа народот во историјата беа и три јасни можности за негова постепена асимилација, исчезнување од историјата, претопување во други народи...
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Вистинската јасност, значи, го надраснува непосредното гледање на човекот и ја опфаќа целата уметност... како средство кое со јасни симболи - бои, знаци, звуци - го изнаоѓа сеопштото суштество и го претставува животниот мит...
„МАРГИНА бр. 35“ (1997)
Аналогијата, но и алузијата, кои произлегуваа од Игоровото кажување, беа јасни.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Татко во Цариград, студирајќи правни науки, имаше јасни и автентични сознанија за ленинско-сталинскиот социјализам.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Некои нешта никогаш нема да можат да ти бидат јасни.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Повеќе