јаловица ж.

јаловица (ж.)

Никој пат род да не роди. Сѐ ќе испука, сѐ ќе исцрка Чуму си црна јаловице ... И не умирај, чуму си ...
„Вардар“ од Анте Поповски (1958)
Чуму си црна јаловице Умри, Врз каменот името ќе ти го напишат Дождот ќе го разнесе Дождот ќе го разнесе Земјата да ја нахрани.
„Вардар“ од Анте Поповски (1958)
— За вечера сакам една јаловица и три тепции алва, — му заповеда строго Толе на Бешот.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Ете тогаш кога, додека сѐ уште доаѓаа на зимување во Петочка Вода, рано напролет, околу Ѓурѓовден, Ѓурчиновите момоци ќе го поделеа својот булук на два дела и машките јаганца и јаловиците ќе ги потераа, преку газилата на Црна, на пазар во Битола и во Солун, а женските и молзниците низ Чепиговски Мртвици, преку Даутица и Јакупица кон родната Мијачија, тоа навистина прилегаше на пролетно раскрилување.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Ме сметаш за јаловица а не прашуваш можел ли тој, маж ми.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Додека Едо буричкаше во моторот на колата оставена во дворот, му дојде жената на капетанот, бидејќи нероткиња, комишиите ја викаа Јаловицата, крупна, силна во нозете, со градите подвиснати бидејќи немаше градник, разградена со цигара во раката.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)