јава (несв.)

Глигор беше останат последен и беше ја ставил ногата на узенгијата, да се качи на коњот што требаше Анѓеле да јава.
„Парите се отепувачка“ од Ристо Крле (1938)
Подобро од балкон ќе се јавам. (оди и се појавува од балконот).
„Антица“ од Ристо Крле (1940)
- ... Еднаш јавам јас на коњ, кога кај едни гробишта ми излегува оџа.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Умираше омајан од чудо. - Ти велев - станал, не веруваше. Сега намести се да те јавам.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Јавајќи го горе Врбица магарето, го сретна Стојана Рожденкин со маските од колибата.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Напред колоната јаваше на зелен арапски коњ прилепскиот кадија и беглер-беј Арслан ефендија, средновечен човек на 40-45 години, строен Турчин, со одвај пробелени брада и коса, живи големи црни очи, долги засукани мустаќи, широко чело и плеќи, малку покус врат, добро угоен, богато облечен по ориенталски, со голем турбан на главата и сребрени пиштоли за појасот.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
По него јаваа, двајца по двајца, другите бегови на исто така зелени, црни, бели, црвени коњи, не полоши од кадиниот Зеленко, но со внимание ги држеа поназад да не го навредат својот беглер-бег и кадија од кого што зависеа.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
По одморот и појадокот кадијата издаде наредба еден од сејмените, што го познава добро патот и месноста, да излезе напред, а на друг му го даде коњот да го води, бидејќи на надолништето не се јаваше.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Кога беа деца не беа јадни: јаваа дудови гранки и сонуваа вистински белец.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Во својот живот, некогаш како дете, тој беше го јавал само магарето на дедо си.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Заспа доцна и сонуваше како го јава својот бел коњ, кого што тој пред неколку години го натовари самиот со качмите и со плугот и го однесе во задружните тремови.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Во пресрет, на црвен коњ, со накривен фес на едното око, јаваше висок Турчин.
„Гоце Делчев“ од Ванчо Николески (1964)
Веќе неколку години заедно се влечеме по клупите, кои, господ да ги поживи, сѐ уште траат и ни дозволуваат да ги шаркаме и јаваме и да ги разместуваме и влечеме: зиме поблиску до печката, а лете поблизу до прозорците; палавиме и беснееме низ дворот, пред ѕвончето и по него, па дознавме дека главите без наше заземање и неусетно, од година на година, сѐ повеќе одбегнуваат и вишеат нагоре, зголемувајќи го притоа сѐ повеќе и растојанието од носот до прстите од нозете, а тоа најдобро се забележува пред почетокот на секоја учебна година, кога рецките на вратата од училиштето се слизнуваат сѐ подолу, бегајќи од нишанот на нашите очи.
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
- Да не си изморен? - А, не! На враќање цело време јавав на коњчево.
„Волшебното самарче“ од Ванчо Николески (1967)
Силен бил Виски Вокер на див бизон бестрашно јавал.
„Најголемиот континент“ од Славко Јаневски (1969)
10. ТАМАЌАРОТ И НА БОЛВАТА УЗДА Ѝ КЛАВА - зар посакува, итриот, нивите да му ги оре, колата да му ја влече или, пак, да ја јава и со неа да скока во кас де долу, де горе...
„Куршуми низ времето“ од Љупчо Стојменски (1976)
„Докторе, докторе”, му велеа луѓето, „гледај ти од државата да добиеме отштета за добитокот што ни го голтна војната, а не држи предавање како треба да се јава крава...“
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Што беше тоа писание само мртовци да пренесува магарето. Само мртви да го јаваат децата.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Еден летен ден, јавајќи кон планината, коњот нешто ми се потплаши, се разрипа и од торбето ми испадна лебот.
„Добри мои, добар ден“ од Глигор Поповски (1983)
Врнало па и преврнало. Огреало потоа сонце, па ги симнале пријателите наметките и продолжиле да јаваат понатаму.
„Добри мои, добар ден“ од Глигор Поповски (1983)
Повеќе