ѕверка ж.

ѕверка (ж.)

Касата имаше стисната челуст на мртва ѕверка. Не попушташе, остануваше тајна.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Сите знаат дека зајакот е страшлива ѕверка.
„Било едно дете“ од Глигор Поповски (1959)
Тоа било ставена тука за да залаже, за да ја истошти фатената ѕверка, а понекогаш и да се истркала над неа и да ја смачка.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Беше еден начин да се остане увиснат меѓу голите гранки над сивата провалија, го пронајде во сонот и продолжуваше и во тоа полујаве да го води својот разговор со онаа притаена, ранета ѕверка под себе, која му одговараше со своето тивко, жаловито завивање.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Сето време со него надолу се тркалаа многу огромни карпи, што ги џиткаше по удолницата онаа разјарена ѕверка, а камчиштата се заиверуваа во стеблата и просвируваа здробени околу него.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
„Сега!“ реши Бојан, па го запре здивот, ја фати најблиската ѕверка на нишан и храбро го повлече чкрапалото.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Низ него го гледаше обзорувањето и зајдувањето на денот - тоа вечно намотување бело клопче на црно, црно на бело, како што му велеше баба му; го гледаше езерото кога беше мирно и кога се преливаше во севозможни бои како бесценет камен, го гледаше кога рикаше и бучеше како ѕверки да му се бијат во утробата, го гледаше виножитото што со едниот крај се спушташе во него заслепувајќи ги очите со прекрасни бои; го сгедаше езерото кога надојдуваше и од брегот поземаше сѐ што останало на песокта:
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
И така, една ноќ спроти Вртолум, кога ја испија со Лоте, и со ветеринарот Скрез и последната чаша за длабок сон, и кога излегоа надвор да си одат, Бандо чу како некој со копач му удира на ѕидот од куќата; на Бандо му мина гром низ телото, му удри крвта в глава и повторно му се врати оној некогашен страв во него; срипа како ѕверка; ја грабна пушката и излета во мракот надвор; свика кон сенките што се тетеравеа крај куќата и пукна; некој офна и падна; стрчна жена му од Бандо, стрчнаа соседите и ги поткасаа бузите: го видоа Лото струполен крај ѕидот; го кренаа и побрзаа да му ја запрат крвта.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
-Чудна некоја ѕверка. Заклала три полициски вучјаци додека не ја докусуриле.
„Пловидба кон југ“ од Александар Прокопиев (1987)
Осеќам дека сум голтната од некоја ѕверка.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Те држат како прогонета ѕверка, ништо да не можеш да направиш, а постојано да гледаш што се прави со тебе. „Според човекот и несреќата, велеше дедо, за секој друг човек, друга несреќа.“
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
А заљубениот човек е како мува без глава, што се вели, како ранета ѕверка.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
И кога веќе бев сигурен дека ќе се слизнам во водата и дека со мене наскоро ќе се гости страшната ѕверка, забележав дека со голема брзина се приближува еден чамец во кој имаше четворица ловци на крокодили.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
Секако дека љубовта на мечката била поголема од неговото искушение; ѕверката не се бранела и не оставила на неговата става ни најмала гребаница.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Се чувствуваше како ѕверка, фатена во стапица.
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
И уште додадов оти нема друга таква ѕверка освен човекот која покрај добриот анѓел што го има покрај себе, самиот си ја нарачува придружбата и на оној другион, црниот анѓел, кој постојано очекува работите да ги преземе во свои раце.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Дупката наоколу беше опашана од толпата, а внатре Јован, како гладијатор, до половина гол, испотен и исцрпен, се бореше со страшната ѕверка - сувата и непопустлива почва.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Е таа моја Валерија, со своите долги фустани, тешка коса и крупни ѓердани, може лесно пред непознатите да остави впечаток на таинствена туѓинка, која ги познава лековитите тревки и шумските ѕверки.
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
Зар не гледате оти луѓе- сенки со сенка ве обѕидаа, оти луѓе- ѕверки ве сардисаа и ветрето ви го заробија и ангелите и виделината?
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
И камо да можеше наместо темнината на шумата пред себе да ги види градските светла, да сети дека е опкружен со други човечки суштества како него, наместо со блиски и далечни, секогаш невидливи ѕверки.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Повеќе
FlexiMac
 менување на македонски глаголи
ДИГИТАЛНИ РЕСУРСИ НА МАКЕДОНСКИОТ ЈАЗИК