ѓак (м.)

Јас вела за мојто маало да го запопиме ној манастирцкиот ѓак, ној Петка од Мелница шо му умре жената пред печес месеци.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Петко пак, како манастирски слуга, ѓак, му носеше на владиката мед, ореви, сирење, маст од манастирот; го придружувале на враќање до Битола, бидејќи владиката неколку лета летуваше на овој нов манастир, та и тој беше познат во митрополијата.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Во овој „алабак табури", како ја викаше еден од родителите оваа дружина, беше „аскер" и малиот кржлав, мрсулав, мешлест како жаба, Крсте, син на манастирскиот ѓак Петка, кој штотуку беше, се запопил, и немајќи ни волови, ни коњи, ни орање, ни копање, немаше каде да го прати сина си на работа.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)