шубе ср.

шубе (ср.)

Малку му беше шубе врз измиеното тело да ја навлече ќиросаната кошула, но друг излезе немаше.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Коте тргна по улицата чуствувајќи шубе околу задникот.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
Мене, жими вера, од некое време шубе да излезам сам надвор од селото.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
— Право ти е предвидувањето, брат Ѓорче! Ако немаш шубе да навлегуваш во Бахтијаровата ордија, нека биде и така.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Првите години малце ти е шубе и фуфка кога шеташ по улици.
„Тибам штркот“ од Зоран Спасов Sоф (2008)
И некако самото од себе мене ми дојде шубе иако поради тоа шубе се прекорив себеси.
„Човекот во сина облека“ од Мето Јовановски (2011)
На жените само првиот првпат им е шубе
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
FlexiMac
 менување на македонски глаголи
ДИГИТАЛНИ РЕСУРСИ НА МАКЕДОНСКИОТ ЈАЗИК