штеди несв.
штедилница ж.

штеди (несв.)

Може да се штеди и бензинот, и плинот, и парното греење, и дрвата, и облеката, и чевлите, може да се штеди ако не се прејадува, ако не се препива, може да се штеди ако непотребно не се патува, може да се штеди ако не се фрла, кине, валка, гази - може да се штеди, добри мои, на илјада начини, а не е потребен наук за да се совлада вештината за штедење.
„Добри мои, добар ден“ од Глигор Поповски (1983)
Младите пак не сметаат за застарени, нѐ критикуваат дека сме старомодни, лошо се облекуваме, не се разбираме од современа музика, штедиме без потреба, им ги сечеме желбите на нашите деца, со еден збор - не знаеме да живееме.
„Добри мои, добар ден“ од Глигор Поповски (1983)
Најнакрај како залог го дадов и моливот што ми го подари тато, со натпис - Штедете во Стопанска банка - па и него го загубив.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
1. Немојте да штедите на сапунот, добро измијте ги ушите.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Првиот пат кога се обиде да пуши, почувствува мачнина, но штедеше и го растегна траењето на кутијата цигари долго време, пушејќи по половина цигара по секој оброк.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Ама, јас решив да штедам, два дена пропуштив и сладолед да си купам, оти ми беа избројани до денар парите што ги добив за џепарлак, само и само да можам да го купам прстенот.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Значи, произлегува дека уживаше да крева околу себе магли на сомненија, да поставува загатки, да наговестува тајни а при сите вакви постапки себеси воопшто не се штедеше.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Неговите, како примерни граѓани на една држава во која веруваа, со години штедеа „за децата“, како што секогаш велеа.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Така беше одлучено во дирекцијата, требаше да се штеди.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Зошто Оној Горе молчеше и милоста ја штедеше - никој не узна!
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)
„Можеби сепак беше поупатно да останам дома“. (Сега уште повеќе го штедам гласот.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Притоа таа умешно ги штеди зборовите.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Сакаше да рече, „Ти знаеше дека штедев пари за да го платам капарот за куќата.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Или, пак, сакаше да не мислиш на тешката болест. Не се штедеше, не се одмораше, не се жалеше…. .
„Седум години“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2012)
Таа е плантажерската аристократија, а јас сум сиромашниот додворувач, кој штедел четири месеци за да се довлечка до вратите на нејзиниот дворец во најдобрите алишта.
„Браќата на Александар“ од Константин Петровски (2013)
Јас, будала, се средив, се намирисав и се враќам во постела, а тој, како да ми е брат, спие!”, се јави сопругата негова, а цариничката слатко се изнасмеа и, пак погледнувајќи нагоре, викна: „Стави во тавчето зејтин, не штеди!
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
„Ситно сечи го кромидот”, „Убаво измеси го месото”, „Не штеди на кашкавал... нека биде шарска баш!”, го слушав нејзиниот глас додека од долниот балкон му делеше инструкции, а таа, веќе здружена со сите фамилии, распиштолена пиеше кафе со Фиданчо и неговата половина.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
FlexiMac
 менување на македонски глаголи
ДИГИТАЛНИ РЕСУРСИ НА МАКЕДОНСКИОТ ЈАЗИК