шпион (м.)

Ти полека газиш, мислиш сега ќе спрета од некоја грмушка шљука или лештарка, а сојката, господ ја родил како шпион, ќе писне - бегајте, човек со пушка се доближува!
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
III Или пак елате Објалџии опинчари рибари Брсјаци Мијаци Елате По сите ориди и по сите преспи Да тргнеме Да се изброиме Малку ли сме Многу ли сме Ќе правиме царство Да видиме колку векови ќе царуваме Кој ќе ни биде цар Кој Бог И шпиун кој ќе ни биде, Елате Да се изброиме!
„Вардар“ од Анте Поповски (1958)
Есента Гоце доби таен шифруван извештај. Во него пишуваше: „Шпионите не спијат.
„Гоце Делчев“ од Ванчо Николески (1964)
Селово наше за која власт немало шпиони.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
Сите гледенија што ги добив до сега ми ја подгреваа надежта, дека ќе можеме по него да излеземе.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
АНДРЕЈА: Дај да видиме кој си ти! Ако си било кој! Си се фатил со тој шпион.
„Диво месо“ од Горан Стефановски (1979)
па еден ни ја обелува: вие сте шпиони, вели, аман, бре господине, какви шпиони, ние сме сиромашни луѓе, не знаеме да бидеме шпиони, сите ќе одите на стрелање, велат, ако не признаете, велат, сите до еден ќе ве стреламе, велат и грмотрн им излегува од очите, ете сега, море бургија, не знаеме што да признаеме, тропаат тие, пампара - пумпара, шикли во чибук, а ги гледаш и тие - сиромаштија, ама не си ја гледаат својата, туѓата ги плаши, ние сме биле шпиони и од нас ќе им пропадне државата, копуци...
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
и уште од далеку мириса на ракија, барем сега можете да кажете чии шпиони сте, вели, не оставајте ѝ товар на душата дури ќе го барате патот кон небото, кога ќе ја качувате кон господа душата, вели, на правина нѐ земате на душа, велиме ние едно задруго, прескакулица ни одат зборовите, ние сме сиромашни луѓе, печалбари, ебати небото и ебати господот, сичките сте од Македонија, сите, викаме, сичките, по зборот сте оттаму, вели, и моите родители се оттаму, ама вие немате пашапорти, верувајте ни, господине, ние сме селани и не знаеме да лажеме, јас ви верувам, ама другите не веруваат, вели офицерот, моли господине, велиме ние, прави еден голем манастир, тој ја фатил главата и со дланката ја потпира под брадата, се мисли, се двоуми, па потоа се враќа назад, ние чекаме, си шепотиме молби и молитви до господа, белки има господ, вели Стеван Докуз,
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Исчепка тој дека меѓу нас, во Сук, има расипници, неранимајковци, агенти, шпиони.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Бугарите некое време ги прверувале дали се српски шпиони а потоа кога научиле дека не се, то ест дека пребегале на бугарска страна за да се борат против Србите, ги испратиле во 12. полк, кој бил составен од нашинци, во четата на овега, на Димитар Зојчев.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Тогаш ти си англиски шпион, ми вели.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Шпион! Не се знаеше веќе кој прв му го подари тој збор на селото.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Потоа тој им ги смекна срцата, смекнат и самиот толку што веќе не се лутеше кога бабите го повикуваа - „Шпион! Дојди да ми напишеш писмо за синот“.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Шпион! Тоа име стана негов крст на кој тој се издигаше над сите на селската Голгота, и би негово право да пцуе или да молчи, или пак, со рамнодушност, за себе, да ги ора доброволно нивите на оние домаќинства чии машки глави беа в град или далеку.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
На секои тројца, едниот е шпион.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
— Тебе те бараше... — Да не беше шпион?
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Можело да се претпостави, доколку жилавиот старец не се споулавувал, дека нечие умеење пресметано уфрлува меѓу неколкуте стотини шаренолико облечени доброволни војници провокатор и гестаповски шпион.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Ретки злобници потајно тврдеа дека тој бил уфрлен шпион во Козар маало, постојано соработувал со властите, а сега сите ги оставил на цедило!
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Во „39 скалила“ јунакот запаѓа сред политички собир и импровизира соодветен говор; во „Саботер“, на добротворната приредба, тој сака на граѓанството да му ја разјасни опасната ситуација и така предоцна (сите гледаат надвор) дознава дека му е вперен револвер, и разгласува дека драгоцениот ѓердан е понуден на јавна продажба за добротворни цели; во „Север-Северозапад“ јунакот се наоѓа на аукција во затворен простор, во којшто сите излези се надгледуваат од шпиони - така решава да земе учество во аукцијата, на што организаторите повикуваат полиција што него мирно го одведува.
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Го пратија да убие германски шпион, му дадоа средство да го постигне тоа, а тој промаши од прва - уби невин човек.
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Повеќе