шолја ж.

шолја (ж.)

Пропадна во шолјата. Мајсторот ја повлече рачката.
„Пловидба кон југ“ од Александар Прокопиев (1987)
Пред мене, кај шолјичката со црн талог и со отпушоци слични на мали надгробни споменици во котлина од која нема излез, лежи хартија на која сум запишал меѓу другото: Темната возбуда, носи неспокој, нѐ фрла во тивок очај или некорисен гнев ...
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
И шуркањето на килибарниот млаз од чајот и танкото тропање на лажичето во шолјата.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
- И мене читај ми, - се вмеша Бреза која седеше крај својата пластична шолјичка „со кафе“ и пушеше „мастика - цигара“ со скрстени нозе, имитирајќи ја во сѐ мајка ми.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
- Секогаш мора да расипеш нешто, - си помислив, ловејќи го со лажичето парчето одвратен кајмак што се беше нафатил на површината од шолјата со млеко.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
Намачкавме парамани со маргарин, земавме по парче сирење и шолја млеко. Брзаница лапавме.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
Леси се случува како и сите видливи појави: арапскиот ресторан на четвртиот кат во испразнетата зграда, голтките топол пијалак од шарената шолја извалканиот кафеански чаршаф, онаа жена во кафеаво палто и со долг бел шал врз него, која го припила до себе своето дете сред уличниот метеж, тркалезната купола на амамот, запрено во мигот пред тресок.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
Еве го љубезниот Арапин – во менталниот послужавник ми носи шолја жежок, темен, густ чај.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
Тој ја заработи Поперовата вечна омраза подбивајќи ѝ се на неговата теорија на “критички рационализам” како “малечок здив на топол воздух во позитивистичката шолја чај”.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Во неа, како во шолја, стоеше голема дождовна капка. Гледајќи ја девојчето заплака. 31
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
Потоа полека ги подигнаа шолјите и отпивнаа, гледајќи се втренчено.
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
Совет: пробајте да натопите бисквит во вашата шолја. Мошне е вкусно.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Стомакот – Нијагара казанче клозетско. Мека столица на тврда шолјица – трошам ролна на час. (Колку ли трошам за една година?) Гласот извикан, нетелефонски, само за позади микрофон – непредушен.
„Зошто мене ваков џигер“ од Јовица Ивановски (1994)
Пржени компирчиња за вечера, артичоки во сос, ликер од вишни, сочен колач‚ цела шунка... Сѐ на сѐ, вистинско изобилство и уште грст нарциси расфрлани дури и по чаршавот, меѓу шолјите!
„Маргина бр. 21“ (1995)
Тука е и олукот што ги исфрла полумртвите или само зашеметени пајаци, и лавабото (шолјата, лоша илустрација) во кој исчезнуваат тие неколку бубачки со кои детето си играло, трупајќи ги врз хартиените бродови и мерејќи колку долго можат да бидат под вода.
„МАРГИНА 22“ (1995)
Тој ја остави шолјата на шанкот од плута.
„МАРГИНА бр. 34“ (1996)
Винстон ја зеде својата шолја, подзастана малку за да собере кураж и ја проголта течноста со вкус на зејтин.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Отиде во кујната и проголта речиси полна шолја за чај од џинот „ Победа“.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Винстон наполни речиси до врвот една шолја за чај, се подготви за претстојниот шок и го проголта наеднаш, како лек.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Никогаш не сум можел да живеам во колектив (тоа ја објаснува и потребата овде да не кажам речиси ништо и за моето семејство); дури имам отпор и кон јавните нужници, автобусите и возовите; ми се гади од помислата дека седам на столче или WC шолја на која седеле илјадници пред мене, макар таа да биде и целосно дезинфицирана и стерилизирана.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Повеќе