шокантен прид.

шокантен (прид.)

Во општеството толку строго во однос на човековото однесување, кадешто викторијанскиот дух доминира наметнувајќи една речиси детска срамежливост, уметноста станува шокантна, безначајна, неморална и изопачена како забранетото овошје.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Иако ова би требало да претставува непризнавање на празните интелектуални дејности, се сомневаме дека Гринавеј искористил уште една прилика да создаде шокантен филмски материјал.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Брутално, шокантно искуство за едно четиригодишно дете.
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)
Меѓутоа, дури и кога се во прашање потенцијално шокантни, сензационални сижеа, Ворхол со разни постапки создава и одржува монотонија, најчесто со репетиција („Кога постојано одново гледате грозна слика, таа навистина нема никаков ефект“); потоа со дистанцирано, ладно бележење; со држење на средиштето на настанот вон објективот на камерата, т.е. со еден кастриран сензационализам (Blow job).
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Лу ми раскажуваше како со недели тој и Џон јаделе само pop-corn, а пари набавувале главно од давање крв и позирајќи за таблоиди на кои им беа потребни фотографии за шокантните приказни.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Хипстери! Битници! Бунтовници! Пушеа трева. Се дрогираа. Презираа телевизија. Беа шокантно писмени.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Ако помислиме дека калкулативното мислење е длабоко всидрено во феномените, тоа е шокантен факт.
„МАРГИНА бр. 35“ (1997)
Во таа смисла на жените не им се потребни шокантни трансгресивни постапки со коишто „модерните примитивци“ ги изразуваат своите примарни пориви, бидејќи експлицитното женско тело на сцената веќе самото по себе е трансгресивно.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Одделена од стадото е посебно интересно дело затоа што не е шокантно, бидејќи „шокот обично вештачки го засилува задоволството, од што настанува празнење“ (Фројд).
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)