шлаг м.
шлагер м.

шлаг (м.)

Којзнае, можеби Партијата е гнила под површината, а нејзиниот култ на воздржување и самоодречување е само шлаг под кој се крие злото.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Повеќе ќе помисли на шампита или на шлаг - торта.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Рози нарача пита со лимонов шлаг и кафе, а Боб со кимање на главата даде знак дека и тој го сака истото.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Воопшто, децата ме сакаат и сега смеам да си играм со нив, да им купувам топки, да ги носам на сладолед, на сладолед со шлаг, смеам да им купувам џиновски гроздови балони, со чета весели деца да ги опседнувам нишалките и вртелешките.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Како јаготка на шлагот му стоеше благо извртената беретка на главата која му даваше своевидна мистичност на и така длабокиот поглед кој ми го упати во дијагонала од околу пет – шест метри.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)
FlexiMac
 менување на македонски глаголи