шкарт м.

шкарт (м.)

Таквите хипотези, вон научниот контекст каде што како работни претпоставки во процесот на осознавање имаат неизбежна улога, но каде што исто така, барем начелно, можат и да се верифицираат, во овој случај не се ништо друго туку обичен интелектуален шкарт, нуспроизвод од третокласно необврзно муабетење.
„МАРГИНА бр. 35“ (1997)
Резултат на успешните преговори беше отстапениот шкарт кој во форма на инсталации го поставив заедно со изборот од фотографии (слајдови) и го прикажав на јавноста.
„МАРГИНА бр. 36“ (1997)
Што да ви кажам, излетени вицеви, шкарт песнички и на крајот триумфално доаѓа најсаканиот дедо, во ликот на вршител на должноста Петар Стојковски-Бабец.
„Филтер Југославија“ од Константин Петровски (2008)
Морав да преговарам со трговските патници коишто залудно се обидуваа некому да му го подметнат шкартот што го произведуваше нашиот шеф.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)