шинат прид.
шина ж.
шине св.

шинат (прид.)

- Шината, повеќе за себе, рече но јас сетив прекор во нејзиниот глас.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Ќе седам и ќе се пофаќам по нозете, по ребрата, по слабините. Да видам да не имам нешто скршено, шинато, скинато. И таму, на скали ја предремувам ноќта, ја измеризувам. 245
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Проклет да бидам, имало господ, во тоа темничиште и по тие скапани скали да се помине само со неколку полесни случаи - чело, нос, око, шината нога, о, тоа морало некој добар ангел тука по цела ноќ да бдеел.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Мене ме збунува нешто друго. Ме збунува некоја несинхронизираност, нарушена врска помеѓу емооционалната реакција и она што ја предизвикало реакцијата, некој ефект на шинати емоции, inappropriate emotions, којзнае што...
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Железничарот, инаку пријател на дедо ти, уште тогаш беше познати низ цело Скопје како човек што мести шинати нозе и раце.
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)