шивачки прид.
шивачка ж.

шивачки (прид.)

Сам гледа - занаетот шивачки пропаѓа во вода.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Работните часови Макс ги минуваше во дрводелскиот оддел на Гнездо, а Добрата Душичка во шивачкиот, и на нивните средби за време на прошетките во паркот, таа ќе извадеше некакво марамче, некакво крпче, некаква престилка, што ги имаше скриено меѓу градникот и срцето, а тој ѝ подаваше коњче, цвет или ангелче, направени од дрво.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Или пак, еден ден, да ѝ помогне да отвори сопствен шивачки дуќан.
„Белиот јоргован“ од Хајди Елзесер (2012)