шеќер (м.)

КАТА: (Ѝ ја подава кутијата од кафе, дупла кутија кафе и шеќер, и голема дрвена лажица, со какви што се служат). Повели, мамо.
„Парите се отепувачка“ од Ристо Крле (1938)
ДЕПА: (Ѝ ја фаќа раката на Мара со која фрла шеќер во ѓумчето). Доста, мори, што стори?
„Парите се отепувачка“ од Ристо Крле (1938)
МАРА: (фрла во ѓумчето шеќер). Не плашете се, не ве терам.
„Парите се отепувачка“ од Ристо Крле (1938)
— Ами, шо можело да има, Боле, некој ореи, круши, јаб'ка, или некоа и друга грутка шиќер.
„Крпен Живот“ од Стале Попов (1953)
Домаќини луѓе да се влечат по срезот, не го чинат кабул сето што ќе го продадат да е печалба, не само 40—50 проценти колку тие што печалат на продадената ракија, шеќер и друг бакаллак.
„Крпен Живот“ од Стале Попов (1953)
— Мори, какви круши, какви ореи, какви јаб'ка, каков шиќер, сестро златна?
„Крпен Живот“ од Стале Попов (1953)
Некои жени плачеа, а Змејко гледаше во лицата на сите луѓе и во она што стоеше на секое од тие лица, сѐ додека не го изнајде онојго, стоеше веднаш до него, до нивното другарче со барјачето и едвај ја потискаше во себе желбата да му рече нешто, барем да го фати за мишката и двајцата да помолчат, сѐ додека не откри како едната негова рака се оддели од рачката на барјачето и заграба во синијата, што ја подаваа пред лицата на луѓето, а внатре беше пченица со разнобоен шеќер.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Ситен, разнобоен шеќер, пченица, исшарана, вапцана од синиот и црвениот шеќер.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
За себе имаше само уште неколку чашки чај, во кои го истури сиот преостанат шеќер и повеќе ништо друго.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Со ручекот беа готови. Тале го одврза коњчето, му го кладе самарчето и рече: - Еве ти пари за дрвата, едно кило шеќер за дома и собуј ги искинатите свински опинци. Место нив еве ти нови. Да не одиш бос.
„Волшебното самарче“ од Ванчо Николески (1967)
- Пепел од биволски копита помешан со шеќер и вар, струготини со катран, чад од лути пиперки...
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
Многу те поздравува и ти прати едно кило шеќер.
„Волшебното самарче“ од Ванчо Николески (1967)
Прислужникот чичко Петре веројатно ѝ ја знаел маната: ѝ набута во устата коцки шеќер а потоа нé избрка надвор.
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
Што немаше во нив? Бисквити, шеќер, кафе, пексимит.
„Волшебното самарче“ од Ванчо Николески (1967)
Патиштата се премачкуваат со чоколада, куќите се ѕидаат од шеќер, од реките медени риби се вадат и никој гладен не е веќе.
„Најголемиот континент“ од Славко Јаневски (1969)
Во котлето стави една рака од сувата трева. Шеќер немаше. Немаше ни чанче.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Та, вела, со симит, со симит и шеќер ќе и рана јас ако оплескале понекој.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
— Mope тој не е дете, бег шо ќе го залажуваш, — се јави мајка му место него и го зеде шеќерот од бегот, знаејќи дека Толе нема да посегне со своја рака да го земе.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Во торбите, покрај двете, погачи една две кокошки, еден мазник, потерата најде и две оки тутун, ока шеќер, ока ракија, та дури и ока локум.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Откако Профим успеа неколку пати да ја премине кришум границата за Албанија и да донесе во селото сол, масло, шеќер и газија, спечали пари и го купи сиот брег; ги израстури меѓите на брегот, ги спои малите парцели во поголеми, испланира кои делови ќе му бидат бавчи, кои лозја, кои дрвја ќе ги исече, а каде нови ќе насади, каде патот ќе го рашири, од каде вода ќе довлечка за сиот брег да го наводнува - зафати да приготвува материјал за да го обгради брегот, да не им дозволи ни на луѓето, ни на селскиот добиток да врви по него без контрола, а и да му олесни еднаш на душата што, ете, сиот брег најпосле ќе го стави в рака.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Повеќе
FlexiMac
 менување на македонски глаголи