шетање ср.

шетање (ср.)

Но и најслабите професори клас не повторуваат, само понекогаш децата со прст им се закануваат: - Помалку топки, помалку шетање, денес сте пак слаби по историја и сметање!
„Најголемиот континент“ од Славко Јаневски (1969)
„Монпарнас“ тешко се напушта, зашто бесцелно шетање по неговите улици само по себе претставува задоволство, особено во вечерните часови, кога по неговите широки тротоари се води улична трговија со разновидни накити, кои ги продаваат хипиците, придружувајќи ја со звуци на гитара.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Кога дознаа од управата за какви бесмислици го користиме времето, дека тетратката во рацете само за маска ја држиме, веднаш беше забрането шетањето крај ѕидот, а секој оној што ќе се обидеше повторно да го мери беше најстрого казнуван.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Додека чекаше Илко бродот да се поправи, деновите ги минуваше во шетање по островот.
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)
И шетањето ти влегува во некакво следување.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Воопшто не ми се спиеше иако бев изморен од претпладневното шетање низ Бит-пазар и Стара чаршија.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
Шетањето по шуми и собирањето печурки во ладно есенско утро, може да биде многу досадно, посебно ако не најдете ништо.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Но тоа беше како шетање со искината чорапа.
„МАРГИНА бр. 26-28“ (1996)
После појадокот, го дотера Карл во убава облека и со количката тргнаа на шетање.
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
Шетање крај елка, трепери душата. Прозорецот црн, мртва е улицата.
„Три напред три назад“ од Јовица Ивановски (2004)
Ете, тоа е причината, пред да се впуштиме во спомнатата авантура со прашања, брзо брзо да го симниме погледот пред нашите нозе и да продолжиме да чекориме по порано одредената патека; дури и ќе го забрзаме чекорот исплашени дека секое подзастанување или одвишно шетање со погледот може да биде погрешно протолкувано па дури и осудено од недобронамерните сограѓани.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
За сѐ беше рано; освен да се наврат кратките панталони, да се наметне летната кошулка, да се нагазнат парталавите патики и да се даде на машко одење, не пешачење не како шетање туку брзање како доцнење, додека не му потече пот од првиот прешлен на вратот до последниот прешлен на опашот и додека шаторите не се разврчат и не развреват како нагазнати мравјалници.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Градот беше полн со јаничари, тоа го знаеше, и шетањето без цел за млади луѓе, и тоа на изглед помлади, како него, беше многу опасно.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Нивното сеприсуство во градот гарантира дека „ниту еден миг на шетањето низ градот нема да се мине без присуството на стоковните слики“149.
„Простори на моќта“ од Зоран Попоски (2009)
Шетањето повеќе не беше бесцелно.
„Азбука и залутани записи“ од Иван Шопов (2010)
- Уште утре ќе купиме куче и потоа нема да имаме потреба од преговарање дали сакаме да шетаме во паркот, секогаш ќе мора да шетаме, ќе мора него да го шетаме, шетањето ќе стане нужност. (Кога не му паѓа на памет да шетаме дете - ќе шетаме куче).
„Вител во Витлеем“ од Марта Маркоска (2010)
За шетање во попладневните часови имавме пристојно уреден парк од предната страна на зградата, така што внатрешниот агол од трикатното здание изградено на Г беше еден вид тампон зона зад која, претпоставувавме дека е распослан парк, сличен на нашиот.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Имавме по два часа за шетање низ паркот и тоа време јас максимално го користев во првите неколку дена, а потоа се почесто останував затворен во ќелијата загледан низ решетката во еден од малите прозорци од женскиот дел, од каде ми се чинеше дека ме опсипува бран на светлина што ми е наменета само мене и која само јас ја чувствувам, убеден дека таму една жена го има истото чувство кое потоа продолжува во долг плач со солзи кои се и мои солзи.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
- Добро е докторе, но ми пропадна уште едно шетање.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
- Де, де, Радо! Па ти како да си во куќен притвор, а одењето на училиште ти доаѓа како шетање на затвореник во кругот на затворот.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Повеќе