шанса ж.

шанса (ж.)

(Откако ќе се обѕрне околу себе, со шепот.) Сигурно знам дека оваа акција му е доверена како последна шанса да се искупи.
„Црнила“ од Коле Чашуле (1960)
Се ловеа тие целиот тој ден, никој од нив не можеше да рече дека не му се дадоа сите шанси, такви имаше и едниот и другиот од нив, а сепак, сето тоа мораше да заврши вака.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Ги имаа своите шанси и сторија сѐ.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Имаше тепање, улогата му даваше шанса пред сите на мртво да го претепа ранетиот партизан, Кејтеновиот син.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Шансите да го најдеме, ако тргнеме да го бараме низ градов, ни се еднакви на оние што би ги имале кога би решиле да бараме игла во стог сено, - заклучи тој.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
Ми беше јасно дека немам никакви шанси во тој момент да разговарам со неа за случката со дедо ми.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
Се фати за мене како за последна шанса. Што ќе ја врати кон стварноста.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
Но тоа не значи и дека се намалуваат шансите на поединецот да ѝ се измолкне на идеологијата.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Најпровокативен во оваа глава е поднасловот “постмодерната ситуација на идеологијата”, особено уште претходно најавената теза, дека “ во еден постмодерен, ‘раскинат’ свет со сѐ поголемо забрзување, има помалку шанси за остварувањето на идеологијата”.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Тоа е единствената шанса да се премине и смртта исто, без таа да биде дефинитивна.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Имам една женска во Њу Орлеанс, ме чека. Дајте ѝ шанса на младината.
„МАРГИНА бр. 1“ (1994)
И мрзливоста, незаинтересираноста, се всушност само тивко издигнување, во срцата, на овој енигматски удел којшто го уништува секој проект и дава наредба на секоја работа да ѝ се остави шанса за неуспех. (стр. 270)
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Според Саркањац, со забрзувањето на општеството, особено со зголемувањето на идиосинкратичноста на читањето на идеологијата од страна на субјективитетот, сѐ помали се шансите на идеологијата да го пронајде „идеопластичниот“ поединец, нејзината делотворност се намалува, и таа сѐ повеќе се доближува до царството на „чистата идеологија“.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Имаме, значи, искучителна шанса, каква што досега во историјата не сме имале.
„Маргина бр. 21“ (1995)
Господе, немате баш секој ден шанса да им телефонирате на боговите.
„МАРГИНА бр. 19-20“ (1995)
Моли влезе во некаква размена со Магнетските кучкини сестри, давајќи ми шанса да го потерам Ралфи низ вратата со торбата нежно притисната во основата на неговиот рбет. Изгледаше како да ги познава.
„МАРГИНА бр. 19-20“ (1995)
Како воопшто го издржуваш овој одвратен, бездушен град кој не поседува минимум критериуми и којшто се пали бескрајно бавно и накнадно, ко фитиљ во цртан филм, и сѐ што имаме од него се тие комично гарави лица наутро во огледалото, ко проклети потсеќања дека овде сѐ е џабе и дека немаме шанси?
„Маргина бр. 21“ (1995)
Во наведенето време сите заинтересирани имаа шанса да го видат новиот автомобил на Toyota, во големина која го покри целиот хоризонт на Сан Франциско, и тоа во три димензии!
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Во тоа време Лабрис доби извесни шанси да се инкарнира во прекрасна дебела книга, но нескротливиот темперамент и стравичниот вербален торнадо на господинот Вулкански во една вечер во Александар плац (темна и дождлива вечер) ги уништи шансите на тој хипотетички проект.
„МАРГИНА бр. 26-28“ (1996)
Но сеедно дали некој избрал да му се приклучи на редот или да си остане во седиштето, секој имаше шанса да си го согледува сопствениот избор...
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Повеќе
FlexiMac
 менување на македонски глаголи
ДИГИТАЛНИ РЕСУРСИ НА МАКЕДОНСКИОТ ЈАЗИК