шампањ м.
шампањски прид.

шампањ (м.)

Софиските келнери веќе ги распознаваат нашите туристи токму по шампанското и ...по шопската салата. Но и по големите бакшиши.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Ѝ велам дека ќе појдам и дека ќе донесам нешто да се почестиме. Шампанското, ја жегнувам.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Точно знам, меѓутоа што сакам. Ќе излезам и ќе донесам нешто да се почестиме. Шампанското, ја жегнувам.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Како, на пример, кога на главата на боксерот ќе истуреа цело шише шампањ, во 13 рунда, доколку тој е малку зашеметен. 22 Margina #21 [1995] | okno.mk
„Маргина бр. 21“ (1995)
Ревшин стои здрвен со шише шампањ меѓу колената.
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
Во трпезаријата, неколкумина слуги му подготвуваат остриги, шампањ и фазани. Тој сака добро да касне.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
Се пие шампањ и се дува тревка. Звучниците трештат.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Во собата за приеми која под прав агол преоѓаше во тарпезаријата се служеа аперитиви: ракија, узо, грапа или шампањ.
„Белиот јоргован“ од Хајди Елзесер (2012)
И од последното патување од Франција донесе шише француски шампањ од видот со кој некогаш на Сорбона го прослави својот докторат.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Во исклучително занесно расположение, кога го допиваше по трет пат залиениот шампањ, му се обрати на домаќинот Сотир Паскали: Астрономе мој, морам да ти речам дека конечно утврдив дека ние имаме сродни души.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
FlexiMac
 менување на македонски глаголи