шалтер м.
шалтерски прид.

шалтер (м.)

Замисли како тој, сега здебелен, оќелавен другар сериозно го гледа од другата страна на шалтерот.
„Пловидба кон југ“ од Александар Прокопиев (1987)
Да фаќам врски по шалтери. Да го слушам Перо како ждрига по улици.
„Буре барут“ од Дејан Дуковски (1994)
По долгите часови изминати во опашката за основниот животен документ, легитимација, конечно дојдов до шалтерот.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Службениците му ги подаваа потврдите од шалтерите како да му ја издаваат неговата сопствена посмртница - толку се надеваа дека последен пат се гледаат.
„МАРГИНА бр. 34“ (1996)
Ме изненади тоа што ме ослови и со името и со презимето, како службеник што ословува клиент на шалтер.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Но, редот пред нејзиниот шалтер се движи релативно брзо.
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
Илија влегол во поштата оставил запалена бомба пред шалтерот и избегал.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Според турканицата пред шалтерот за багаж, во чекалницата, а и внатре, во леталото, авионот Скопје – Виена може да заличи на автобус со крилја.
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
И кому да му се жалиш? Од шалтерите работат најмногу три.
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
Тие пред секои избори ја подновуваа старата еднокатна зграда на началството: темножолто однадвор, светложолто однатре, демек фасадата и канцалариите, бело по таваните и модро по ѕидовите до каде што допираа грбовите на граѓаните во чекањето пред шалтерите.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Шалтерот чкрипаво се отвори и јасно го слушнав своето име.
„Ниска латентна револуција“ од Фросина Наумовска (2010)
Полицаецот го затвори шалтерот, се наведна над некои хартии и пишува, пополнува.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Гласовите се престорија во хор во кој водечки алт го врескаше моето име – тоа гласот од шалтерот упорно ја истураше својата еднолична содржина.
„Ниска латентна револуција“ од Фросина Наумовска (2010)
Со ова, практично се допушти, пред сѐ од страна на државните органи, морално недопустливо, да се утврдуваат паузи при работа со странки, што е редок компаративен случај – бидејќи не е целисходно вработените во државната администрација да одат на пауза „сите заедно“, туку така што барем еден од нив ќе остане да работи на шалтер или во отворена канцеларија за прием на граѓани, а своето право на пауза ќе го оствари порано или, пак, подоцна од другите свои колеги; б) симптоматично е тоа што со новиот ЗРО (2005) се избриша експлицитната превентивна одредба, којашто предвидуваше дека работникот не може да се откаже од правото на платен дневен, неделен и годишен одмор, ниту тоа право може да му се ускрати (чл. 51, ЗРО/03 – Пречистен текст).
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)
Градот е пекол, градот е студ градот е преплавен со разврат и блуд и секој чесен го сметаат за луд во градот е потребен страшниот суд Редици на шалтери, редици во банки редици во болници, редици во Бутел ефтина шминка на ефтини луѓе ефтин дух во градот прескап
„Проклетници“ од Горан Јанкуловски (2012)
БИЛТЕН Ајде ред се редат мале Коцкаришта на шалтер Сите мале ги заеба Баерн 85 ДЕН +ДДВ Уклучив ТВ Гледав гачка И пљачка од лажлива гатачка
„Проклетници“ од Горан Јанкуловски (2012)
Госпоѓата на шалтерот веднаш ме препозна.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)
Сите наследници, независно чии се, како по правило се сретнуваат на истиот шалтер во службите за издавање изводи.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
„Видете, госпоѓо, ми фали развод од таа од Србија, додуша тоа веќе не е Србија, повеќе е Косово“, ми се развикува работничката на шалтерот додека цел ходник ја слуша во чудо и живо ги интересира која сум јас по ред во низата, а и нервозни се веќе од чекање, па цупкаат во место и ц’цкаат со заби, желни за уште информации за мажот - чудо.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
FlexiMac
 менување на македонски глаголи
ДИГИТАЛНИ РЕСУРСИ НА МАКЕДОНСКИОТ ЈАЗИК