чудење ср.

чудење (ср.)

На свое чудење, кога стана островото, Мече усети дека под нозете му зашлапа вода, а после малку време и тлото почна да се лулее.
„Бегалци“ од Јован Бошковски (1949)
Достините јадења и пиења: мазник, ракија со мед, булиња, погачки на тенкото сито, на црковната трпеза предизвикаа чудење и завист кај витолишките невести и мажи.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Поп Петко се поисплаши кога го виде толку црвен, го фати за рака и за глава, го праша да не го боли нешто, и откако виде оти ништо не му е, со чудење го праша: — Ами оти толку рано ќе си легниш, Крле?
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
И почна да открива непознати димензии протегнати во бесконечност и во нив растргани облици, претстави за кои во врелината на треската нема чудење.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Долго време Месечината ги шеташе своите гости по небото, им ги покажуваше на Земјата морињата, планините, големите градови а малите патници од Земјата не можеа да си земат здив од силно чудење.
„Било едно дете“ од Глигор Поповски (1959)
Во обвинителниот акт што го читаше офицерот беше допуштено чудење и се изразуваше мислење дека за вакви дела се способни луѓе што ги имаат развиено до крајна мера фанатизмот и престапноста.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
- Како тоа немало авиони? - со чудење прашува Гошко.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)
А славејчето, за големо чудење на целиот шумски свет, мошне неучтиво рече: - Нејќам! Ако ти е за песна, пеј си сам.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)
Се чудите зошто ви го велам тоа? Не е за чудење. Не чудете се. Причината е многу проста.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)
Зборовите изразија чудење каде тргнале по ова време.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
Во неа ми мина векот, - рече, а потоа се сврте кон Денко, во чии очи насети чудење и рој прашања, па му објасни: - Можеби не знаеш, немале време да ти кажат, ама зимоска си ја запалив колибата, јас старо аро, изветреано. Пламна, милата, како ќибритче.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
— Бре, бре, бре! Уште ова не беше се чуло: рисјанец да дигне рака на Турчин! — се чудеа полјаните по тие села. Но насекаде таа постапка предизвика чудење и некаква кураж кај христијаните, а извесен трепет и гроза кај Турците.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Не бев ни забележала дека веднаш по мене излегле двете машки деца од братот на Вера и со чудење и нејасно за нив сочувство гледаа во мене.
„Друга мајка“ од Драгица Најческа (1979)
Мајка му со чудење го погледна, но ништо не рече.
„Раскази за деца“ од Драгица Најческа (1979)
Мајка му не покажа чудење, иако тоа беа првите петки што ги имаше добиено Трајче.
„Раскази за деца“ од Драгица Најческа (1979)
И гледам чудо за чудење: едни големи пилишта се тепаат.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
И за големо чудење не го сонив Јона, туку некој непознат човек, непознат војник.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Е, другар, - рече Кејтеновиот син со такво чудење што не можеше да ја запре смеата што му надојде тој час.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
И наеднаш, и нему за чудење, клопчето на мислите почнува да се отточкува само од себе, спокојно и правилно.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Веќе момите, и градските и тукашните, кога ќе дојдеше на сведен или во Света недела, за да се види со своите, се обѕрнуваа по него, веќе сама мајка му Илинка, загрижена, го потпрашуваше, оддалеку, дали нема некоја во градот, и каква е таа, кога тој, за чудење на сите, предвреме, доброволно, замина војска, морнарица.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Повеќе