чуден прид.
чудење ср.

чуден (прид.)

Чудна земја ќе биде оваа, си рекол сам со себе, зер долна земја ќе биде оваа!
„Силјан штркот“ од Марко Цепенков (1900)
– „Шоана, али навистина е ова, али на соне; види сега и децана да ме познават и на име да ме викаат, чудна оваа работа ќе биде; ај да видиме Господ што ќе каже“, си велел сам во себе и влегол у човекот дома.
„Силјан штркот“ од Марко Цепенков (1900)
Од мртвенски сништа тие ќе ве будат вас, јунаци смели, со песна и смешка, со гороцвет кревок, со цвеќа ве нудат, што лежите вие во гробнина тешка. Bo избрана куќа сте легнати тука на вишина свежа, и зелена, студна, и бескраен поглед насекаде пука и успива душа во возбуда чудна.
„Локвата и Вињари“ од Лазар Поп Трајков (1903)
Чудно ми чудо и да е кал, а пак тоа била боја, вапцувала девојката предено за чорапи.
„Чорбаџи Теодос“ од Васил Иљоски (1937)
Чуден човек си бил!... Само за ставање мераци!
„Парите се отепувачка“ од Ристо Крле (1938)
Расцвете небо муграво крваво с’нце огреа, - над таа земја студена чуден се покров постила.
„Песни“ од Коле Неделковски (1941)
Мече дури тогаш се присети дека меѓу ископаните купишта земја крај каналот и на реката, виѓаваше многу корења испреплеткани во чуден сплет.
„Бегалци“ од Јован Бошковски (1949)
Го закопка љубопитството: кој ли е овој чуден другар?
„Бегалци“ од Јован Бошковски (1949)
Ко некогаш не е во моето село, - снопје да се чукат со лескови вили, - растат нови луѓе, иде нова смена, - ко в приказна чудна селото се мени!
„Мое село“ од Ванчо Николески (1950)
Самоистакнувавање пред други и чудни, често зли постапки од долга здодевност или немаштина.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
- Верно е, птиците се чудни животинки. Пеат, на човека зло не му мислат.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Бев сигурен, таа уверност се јави ненадејно, дека во Пенчо се кријат две суштества еднакво чудни и туѓи на моите разбирања.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
— Тииии! Чудно чудо: су не можела да реча „те сакам"!
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
По оној чуден сон таа донесе конечно решение: „Ќе чекам да вида шо ќе биде со него.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
И ме фрла со дланката лесна в чудна игра, в чудно компонирање, изгаснувам во грч и умирање и се враќам в живот како песна.
„Слеј се со тишината“ од Ацо Шопов (1955)
Погодуваше како врел куршум кој на чуден начин уште еднаш експлодирува в мозок.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Војска? Ха! Тоа беше матна дождовница од испиени, на прв поглед безоблични луѓе, колона гробнички шинели, разнишан ред страшила, глупаво и ненужно развлечен синџир од чудни шушкави алки. Тоа беше почеток и крај.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Крај нас минуваа луѓе со чудни разнобојни лица.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Неговиот јазик е чуден - туѓ, непознат. Со секој збор како да спласнува. Веќе и не го гледам зад масата.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Неговата сенка долга како јат претпазливо ползеше во таа мрежа, се пробиваше низ нишките на есенската магија, растеше и се губеше во чудна игра.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Повеќе