чувствителност ж.

чувствителност (ж.)

Пак легна и реши да не мисли повеќе на ништо. Вака простум да си лежи и да си ја залажува својата чувствителност со некоја песничка што му доаѓа сега во сеќавањето.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Самата присутност на друга човечка чувствителност повлекува мноштво значења.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Од своја страна Велика Британија покажувала преголема чувствителност по однос на прашањето за југословенско-бугарска федерација и прашањето за обединување на Македонија.
„Британските воени мисии во Македонија (1942-1945)“ од Тодор Чепреганов (2001)
Впрочем, за еден типичен постмодернистички писател, чувствителноста не е баш антипатична.
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
Едо премолче, но престана да дава совети, знаејќи ја незгодната чувствителност на картаџиите.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Кога ги сонувам од морето протерани без замена за изгубеното избезумени од промената и предвреме пресувани фосили кога го читам внимателно нивниот ритмичен скелет тој совршен сонет за патиштата сами од себе што се делат и нѐ делат кога се обидуваат да ми објаснат што му претходело на сонот се загледуваат долго во себеси таму кајшто сѐ е јасно од шкргите им потекува крв основната боја на Земјата да не ја издадат тајната на молчењето да изгубат волја да се вратат во својата природна состојба да ја изменат претставата за светот но и за себе затоа што сѐ природно е некогашно во мене прагот на чувствителноста отстапува под скерлетниот пламен на она кое требало да се изговори а согорело под папокот афазијата на говорот станува сеопфатна а мртвата тишина, или со други зборови смртта, на дофат.
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)
Нештото, што завладеа со него, не беше ниту господар ниту тиранин што изнудува данок или бара покорност, тоа беше исполнет благослов, материјализиран благослов, тоа беше битие во битие, побогата и поголема чувствителност, универзум поблескав од чувствата и од емоциите.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Таа структура авторот ја трансформира во возвишена уметничка претстава со својата природна чувствителност и писателска реч.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Во еден миг, додека двајцата бавно чекорат по паркот, синот здогледува како градинарот отсекува неколку ружи, и целиот затреперува, неговото дотогаш тапо лице добива чувствителност, како она што го виде да повлече некоја нишка во него, некоја нишка која води кон сѐ она што за него некогаш било, а веќе го нема.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Тоа имплицира истенчена чувствителност, повисок естетски усет, особена чувствителност за стилот и за модата, нестандарден однос кон предметите од главнотековната култура, отфрлање на обичните вкусови, како и критички поглед кон стрејт- светот и некоја заедничка колективна, но, сепак, посебна визија за она што навистина е битно во животот.8
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)