чифликсајбија м.

чифликсајбија (м.)

И не е никакво чудо, Адем е чифликсајбија со имот од илјада дулуми, илјада и петстотини овци, сто и педесет говеда, дваесет коњи; со кула и кошари за чифчиите, а Муарем е негов измеќар, само за разлика од другите тој не е обичен слуга, а служи со извесен понос.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Можеби тоа беше давање одушка од макотрпната работа, можеби беше терање инает во војните, со реквизициите, со даночниците и чифликсајбиите, но жителите на Потковицата, со вкоренет оптимизам на луѓе прикрепени за земјата, односно со докрај изјаснета свест дека таа, мајчичката земја, раѓајќи одново и одново го обновува својот и нивниот живот, односно дека освен неа и нив ништо друго и никој друг не е вечен, на сѐ во врска со жетвата му дава одреден празничен призвук.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Таа, жетвата, без оглед на честите војни и реквизиции на житото, без оглед на суровоста на режимите на завојувачите, високите даноци и, самоволијата на даночниците и чифликсајбиите, и без оглед на тоа што таа сама по себе е макотрпна работа, во Потковицата од памтивек се извршуваше како нешто што налева сокови направо во жилите на животот.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Не беа заоставени и неколку заемки и од областа на аграрно- правните односи како: вакаф, задужбина, имот што припаѓа на некоја џамија, а и црква (од арапски vkif); чифлик, чифликсајбија, чифчија, чифлигар, (од турски çiflik, çifliksahibi, çifçi).
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)